Црна хроника
Уапсени гевгеличани, шверцувале мигранти од Кина и Индија
Вчера, од страна на полициски службеници од Полициска станица за граничен премин и граничен надзор Богородица, од слобода биле лишени Д. Т. (30) и В. Т. (54), двајцата од Гевгелија.
Имено, тие околу 9.10 часот биле забележани од полициските службеници како на четири кинески и еден индиски државјанин им помагаат при обид нелегално да ја преминат границата за влез во Грција.
Двете лица се приведени во полициска станица и за случајот е известен јавен обвинител од ОЈО за гонење организиран криминал и корупција, а по негово целосно документирање, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Лицата мигранти биле предадени во Полициска станица за граничен надзор Богородица за понатамошна постапка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Затвореници претепале друг осуденик во затворот Идризово
Вчера во 10.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Казнено – поправната установа Затвор Идризово, осуденикот А.Б.(35) од Скопје бил физички нападнат од осудениците З.Р. и К.Л..
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец претепан од својот внук
Вчера во 22.45 часот во СВР Скопје, 49 – годишен жител на скопско село пријавил дека околу 22.00 часот во неговиот дом, по претходна расправија, бил физички нападнат од неговиот малолетен внук од Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Во Центар пронајден починат маж, телото предадено на обдукција
Вчера во 13.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во домот на подрачјето на Центар во Скопје бил пронајден починат В.М.(65) од Скопје.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.