Црна хроника
Марихуана, амфетамин и кокаин пронајдени кај Турчин на преминот Богородица
Во текот на минатиот месец царинските службеници откриле обид за шверцување марихуана, амфетамин и кокаин.
Како што информираат од Царинската управа, на граничниот премин Богародица на 10 август во вечерните часови за влез во државата се пријавил германски автомобил, управуван од турски државјанин, со кој патувале уште двајца сопатници.
„При контрола на возилото во ранец меѓу предметите за лична хигиена била пронајдена кеса со непозната прашеста материја, а при претрес на возачот во џебот од неговата јакна била пронајдена пластична вакуум-кеса со непозната тревлива материја, а во пакет од влажни марамчиња била пронајдена бела прашеста материја обвиена со жолта кеса“, се наведува во извешатајот.
По извршена проверка со тестери за дрога и мерење со дигитална вага, било утврдено дека се работи за марихуана со тежина од 24 грама, кокаин во количина од 0,5 грама и амфетамин со маса од 17 грама.
Дополнително, бил извршен детален преглед на возилото со помош на полициско куче, но не биле откриени други неправилности.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Државјанин на Турција нападнат на Бит Пазар, му било оштетено и возилото
Полицијата во Скопје постапува по пријава на државјанин на Турција со престој во главниот град, кој пријавил дека бил пресретнат и физички нападнат на подрачјето на Бит Пазар.
Како што соопшти СВР Скопје, според пријавеното, на 5 јануари околу 17:50 часот, бил пресретнат од лице со иницијали В.Ф. и уште едно лице, по што В.Ф. почнал да удира по неговото возило.
Според пријавата, подоцна повторно бил пресретнат од В.Ф. и уште едно лице, кои физички го нападнале и му го оштетиле возилото.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец ја нападнал партнерката во возило во центарот на градот
Полицијата во Скопје го приведе 36-годишниот Д.Л. од овој град, по пријава за физички напад врз неговата партнерка.
Како што соопшти МВР, вчера околу 13:30 часот, мажот бил приведен по пријава дека на 4 јануари 2025 година, додека се движеле со неговото патничко возило на подрачјето на Центар, физички ја нападнал неговата 36-годишна партнерка.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
На автопатот кај Гостивар: Платиле гориво со сомнителни 50 евра, па биле приведени
Двајца мажи биле приведени поради сомнеж за фалсификување на пари, откако на бензинска пумпа кај селото Жеровјане платиле со банкнота за која имало сомнеж дека е лажна.
Се работи за С.С. (31) од Гостивар и Ч.Ј.Б. (24) од Турција кои биле уапсени вчера на автопатот Гостивар–Тетово.
Двајцата околу пладне со „цитроен“ дошле пред бензиската пумпа. Ставиле гориво и на вработениот му дале банкнота од 50 евра, за која се посомневал дека е фалсификувана.
Лицата биле задржани во полициска станица, а по целосно документирање на случајот ќе им биде изготвен соодветен поднесок.

