Црна хроника
Мајка и очув осомничени за трговија на деветгодишно момче
Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција по повеќемесечна постапка во соработка со Министерството за внатрешни работи, денеска постапувајќи по кривичната пријава донесе наредба за спроведување на истрага против две лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело трговија со дете, од член 418-г став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Во текот на месец август и септември минатата година, осомничените заедно со деветгодишниот син на осомничената, со автобус заминале од Дебар за Струга, каде се сместиле во изнајмена соба во близина на пазарот. Мајката и очувот употребувајќи сила и закана го подвеле детето на питачење и искористувајќи ја неговата немоќ барале со питачење секојдневно да заработува по 500 – 1000 денари. Доколку детето не успеало да собере толку пари било казнувано со физичко малтретирање и тепање, а храна добивало само еден оброк во текот на денот. Осомничените парите ги користеле за набавка на наркотична дрога која ја консумирале во присуство на детето. На 14.9.2021 година, откако мајката го истепала, детето вознемирено и истоштено побарало заштита од вработени во угостителски објект, по што било однесено во ЈЗУ Општа болнива Струга каде што му биле констатитрани повреди по главата и телото.
Во текот на денешниот ден осомничените бea изведени пред судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје. Обвинителот ценејќи дека постои реална опасност обвинетите да се дадат во бегство за да го избегнат кривичниот прогон, да го повторат делото или да влијаат врз сведоците, на судот му предложи на двете осомничени лица да им биде определена мерка притвор. Судијата го прифати предлогот на обвинителството и со решение определи мерка притвор за двајцата осомничени во траење од 30 дена.
Согласно Кривичниот законик за сторителите на кривичното дело трговија со дете е предвидена казна затвор од најмалку 10 години.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Дал 10.000 евра за итна операција на внуката: измамен 83-годишен битолчанец
Во СВР Битола вчера во 13:30 часот, 83-годишник од Битола пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 10.000 евра.
Според пријавеното, лицето му се јавило, се претставило како лекар и му кажало дека неговата внука паднала по скали и се здобила со тешки телесни повреди и било потребно да се направи итна операција, за што требало да плати.
Како што е пријавено, тој ги дал парите на едно лице кое дошло пред неговата врата, а откако подоцна се слушнал со неговиот син, сфатил дека е измамен.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Двајца малолетници повредени при судир на товарно возило и мопед во Штип
Во СВР Штип вчера во 10:30 часот било пријавено дека на кружен тек од ул.„Партизанска“ со ул.„Борис Крајгер“ во Штип се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фолксваген кеди“ со штипски регистарски ознаки, управувано од С.С.(57) и мопед „априлиа“ со штипски регистарски ознаки, управуван од 16-годишник, двајцата од Штип.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на мопедот и неговиот 14-годишен сопатник од Штип, констатирани во Клиничката болница Штип.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.
Црна хроника
Тешко повреден работник додека извршувал работни задачи во фабрика во Гази Баба
Вчера во 10:05 часот во СВР Скопје, од приватна болница во Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен А.Б.(43) од Скопје.
Според пријавеното, тој се здобил со повредите додека извршувал работни задачи во фабрика на подрачјето на Гази Баба.

