Црна хроника
Мајка си го истепала малолетниот син, ја пријавил вонбрачниот сопруг

Во СВР Скопје синоќа во 22.30 часот, 52-годишен маж од Скопје пријавил дека на подрачјето на Центар во Скопје, неговата поранешна вонбрачна партнерка ИД.(48) од Скопје физички го нападнала нивниот малолетен син.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, информираат надлежните.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Девојка од Чаир пријавена за исчезната, по една недела пратила порака дека е во Србија

Вчера во 15.00 часот во Полициската станица Чаир било пријавено дека Ј.И.(26) од Скопје, за која на 19.02.2025 беше пријавено дека се оддалечила од домот, пратила порака на семејството дека не е исчезната и дека се наоѓа во Нови Сад, Република Србија.
Црна хроника
Го уценувал и му барал пари: адвокат во Скопје физички нападнат од едно лице

Адвокат од Скопје пријавил напад на работното место.
– На 26.02.2025 во 20.10 часот во СВР Скопје, 44-годишен маж од Скопје пријавил дека на работното место во адвокатска канцеларија на подрачјето на Центар, бил физички нападнат од К.А., кој го уценувал и му барал пари, стои во билтенoт на МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пожар во куќа во Петровец

Вчера во 21.22 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 20.55 часот во с.Петровец, скопско, настанал пожар во куќа, сопственост на Т.Т.(82) од с.Петровец.
Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема.
Извршен бил увид.