Црна хроника
МВР приведе крадец на мобилен телефон
Полицијата синоќа го приведе Џ.И. (27) од Виница кој се сомничи дека во угостителски објект на улица „Борис Кидрич“ во Куманово одзел мобилен телефон .
Џ.И. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, информираа од МВР преку соопштение.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Уапсен криминалец баран со потерница за казна затвор од 20 години
Вчера во 17.10 часот на ул. „Џумајска“ во Скопје полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишија од слобода Д.Б. (45) од Скопје, кој бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Основен кривичен суд Скопје за затворска казна во траење од 20 години, во врска со повеќе кривични дела по чл.235 ст.1 (кражба) од КЗ.
При преглед кај лицето, пронајдени се фалсификувани хрватска патна исправа, лична карта и возачка дозвола. Д.Б. ќе биде предаден на надлежната казнено поправна установа, соопшти полицијата.
Црна хроника
Кучиња скитници искасаа тројца жители на Скопје
Во Полициската станица Кисела Вода вчера во 10.00 часот, Г.Б.(41) од Скопје пријавил дека на ул.„Благоја Гојан“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
Истиот ден во 16.30 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, М.Ц.(45) од Скопје пријавила дека на ул.„Ѓорче Петров“ во Скопје нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник.
И во во Полициската станица Драчево вчера во 16.30 часот А.Ј.(58) од Скопје пријавил дека на ул.„Иван Хаџиниколов“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
Црна хроника
Двајца повредени во одделни сообраќајки: со возилата излетале од патот
Вчера во СВР Велес било пријавено дека околу 19 часот на регионален пат Р1102 во правец од село Отовица кон Велес, патничко возило „рено“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Р.Т.(71) од Велес, излетало надвор од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани од болницата во Велес. По овластување на јавен обвинител, увид извршила увидна екипа од СВР Велес.
Истиот ден во 21.26 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионалниот пат с.Волковија-Тетово, патничко возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Б.А.(28) од с.Челопек, тетовско излетало надвор од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничката болница Тетово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.