Црна хроника
МВР: Се преземаат мерки и активности за расчистување на вчерашното убиство во Скопје
Две лица загинаа, а едно е повредено во пукање што се случило вчера во угостителски објект на улица Самуилова во Скопје.
Според информациите од МВР, вчера, во 20.11 часот, во СВР Скопје било пријавено дека во угостителски објект на улицата Самуилова во Скопје, пет лица, облечени во црна облека со фантомки, од огнено оружје пукале кон Ј. К. (37) и Е. И. (28), кои починале на местото на настанот, и кон А. Т. (34) од Скопје, кој добил повреди и бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ за укажување лекарска помош.
По насоки од јавен обвинител, извршени се службени разговори со повеќе лица и се преземаат соодветни мерки и активности за расчистување на убиството.
„Макфакс“ вчера објави неофицијални детали за тоа како се случувало планираното убиство. Вооружената група составена од пет лица, била облечена во униформи, кажала дека ќе се прави полициска рација и рекла никој да не мрда. Убиените седеле во одделна просторија, каде што биле убиени.
Убијците од Чаршијата избегале со „ауди“, кое е запалено на излезот кон скопската обиколница.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривична пријава за директорка на училиште во Делчево, без да спроведе транспарентна постапка извршила набавка
Надворешна канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против Д.Ц. (52) од Делчево, директорка на средно училиште, поради постоење сомневање за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.
Таа, без да спроведе транспарентна постапка за набавка на стоки и услуги, извршила набавка од повеќе правни лица во вкупна вредност од 905.482 денари, а со Законот за јавни набавки е предвидено дека износот на извршени набавки без спроведена јавна набавка во текот на годината не смее да го надмине износот од 12.000 евра во денарска противвредност.
Црна хроника
Жена нападната од својот сопруг во семејниот дом
Вчера во 18:35 часот во СВР Скопје, 30-годишна жена пријавила дека во семејниот дом на подрачјето на Бит Пазар била физички нападната од нејзиниот сопруг О.Ѓ.(38) од Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Обид за убиство во гостиварско
СВР Тетово поднесе кривична пријава против К.З.(63) од с.Церово, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „убиство во обид“, „предизвикување на општа опасност“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ и против Х.А.(38) од с.Церово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.
На 04.05.2024, по претходна расправија помеѓу пријавените, првопријавениот испукал три куршуми од автоматска пушка, по што бил физички нападнат од второпријавениот.