Топ
МВР со детали за сообраќајката кај Стража: се судрија товарно возило и автомобил, има повредени
Три лица се повредени, од кои едно потешко во сообраќјната незгода што се случи утрово кај Стража.
Според информациите од МВР, во несреќата учествувале товарно возило „мерцедес вито“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.К.(44) од Скопје и патничко возило „волво“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.С.(67) од Скопје.
„Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на возилото „волво“, додека возачот на „мерцедесот“ и неговиот сопатник Ф.М.(55) од Скопје се здобиле со телесни повреди констатирани во гостиварската болница Ферид Мурад“, соопшти МВР.
По овластување на јавен обвинител, увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Гостивар.
Поради несреќата, сообраќајот беше во прекин.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Уапсен возачот што удри пешак на ГП „Долно Блаце“, следува пријава
На 06.01.2026 околу 01:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека на меѓупросторот помеѓу Граничен премин „Хани Елези“ и Граничен премин „Долно Блаце“, 60-годишниот Ќ.С. од Република Косово, управувајќи патничко возило „голф“ со косовски национални ознаки, удрил во пешакот С.К.(25) од Скопје.
С.К. е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде му се констатирани тешки телесни повреди.
По наредба на јавен обвинител, возачот Ќ.С. е лишен од слобода и задржан во Полициска станица Гази Баба за понатамошна постапка. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.
Свет
(Видео) Клучен човек на Трамп: Никој нема да војува за Гренланд, тој треба да биде дел од САД
Заменик-шефот на кабинетот на американскиот претседател Доналд Трамп и еден од неговите клучни советници, Стивен Милер, разговараше со Си-Ен-Ен за тоа како администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп се справува со ситуацијата во Венецуела по апсењето на Николас Мадуро, но се осврна и на Гренланд, велејќи дека територијата треба да стане дел од САД.
Милер рече дека американската војска е „распоредена надвор од Венецуела“ и дека администрацијата на Трамп „ги поставила условите“. Тој додаде дека САД не ја исклучиле можноста за обвинение против други венецуелски функционери, предупредувајќи ги да соработуваат со Вашингтон.
Во контекст на идното политичко водство на Венецуела, Милер се осврна на изјавите на лидерката на опозицијата Марија Корина Мачадо, која претходно ја пофали одлуката на Трамп да го уапси Мадуро. Но, Милер отфрли каква било идеја дека таа би можела да ја преземе власта.
Во истото интервју, Милер исто така изјави дека „Гренланд треба да биде дел од Соединетите Американски Држави“, додавајќи дека „никој нема да војува за иднината на Гренланд“. Изјавата предизвика силни реакции во Данска.
Данскиот пратеник Расмус Јарлов одговори на зборовите на Милер, доведувајќи ја во прашање неговата проценка. „И тој мисли дека нема да се бориме да го задржиме? Грешка“, рече Јарлов.
Тој продолжи да ја критикува американската администрација за она што го нарече неодговорни изјави и дејствија. „Немате ли некои способни луѓе во САД кои можете да ги поставите на чело? Некој што барем малку чита пред да одлучи да ги нападне сојузниците и да го уништи западниот сојуз“, рече Јарлов.
Изјавите на Милер дополнително ги зголемија загриженостите кај европските политичари за насоката на американската надворешна политика, особено по неодамнешните настани во Венецуела и сè поотворените пораки од Вашингтон за Гренланд.
Свет
(Видео) Американскиот министер за одбрана се потсмеваше на руската воздушна одбрана во Венецуела
Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет ја исмеа ефикасноста на руските системи за воздушна одбрана распоредени во Венецуела откако американските специјални сили спроведоа операција за апсење на Николас Мадуро во Каракас.
За време на говорот посветен на успехот на американските сили, шефот на Пентагон ја истакна слабоста на руската воена технологија. Според него, исклучителниот професионализам на американските војници им овозможил да ја извршат својата задача без пречки.
Hegseth mocks Russians
Hegseth: Three nights ago in downtown Caracas in Venezuela, 200 of our best Americans went in. Those Russian air defenses didn’t work so well, did they?
We grabbed an indicted fugitive wanted by U.S. justice without a single American killed. pic.twitter.com/Nq7dgsPiPk
— Tymofiy Mylovanov (@Mylovanov) January 5, 2026
„Пред три ноќи во центарот на Каракас, Венецуела, видовме речиси 200 од најдобрите американски војници како дејствуваат во центарот на Каракас. Тие руски системи за воздушна одбрана не изгледаа многу ефикасни, нели?“, рече Хегсет.
Операцијата на САД во Венецуела во моментов е една од главните теми во меѓународните безбедносни кругови, а Вашингтон ја користи како доказ за технолошката супериорност на своите вооружени сили над руските одбранбени решенија.

