Црна хроника
МВР со кривични пријави за неколкумина за„фалсификување исправа“, „употреба на исправа со невистинита содржина“ и „несовесно работење во службата“
Одделот за криминалистичка полиција во координација со Единицата за финансиски криминал при Секторот за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава против правно лице од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“, против Д.Ј.(37) од Кавадарци, управител во правното лице, поради постоење основано на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување исправа“ и „употреба на исправа со невистинита содржина“, против Н.М.П.(40), О.С.С.(49), О.Н.(54), сите од Скопје, вработени во Министерството за финансии, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ и против Л.Т.(63) и М.С.(45), двете од Скопје, вработени во Министерство за финансии, поради постоење основано сомневање за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“ од Кривичниот законик.
Во периодот од 13.07.2022 до 06.08.2024, пријавениот Д.Ј., на управител на правното лице, изготвил лажна исправа – Банкарска гаранција, наводно издадена од една банка. После тоа, банкарската гаранција ја приложил како вистинска во Министерството за финансии, во врска со добиената лиценца за приредување на игри на среќа, во која е предвидено дека приредувачот на игри на среќа за обезбедување на исплатата на добивките на учесниците во игрите на среќа, плаќање на јавните давачки утврдени со закон, како и за надоместоците и посебните давачки е должен да депонира депозит или да обезбеди банкарска гаранција и во рок од 15 дена од приемот на лиценцата, во истиот рок да го достави доказот за депонираниот депозит или банкарската гаранција до Министерството за финансии.
Пријавената Н.М.П., во својство на советник за системот на осигурување, и покрај тоа што знаела дека барањето не е доставена во законски предвидениот рок, без да ја архивира со приемен печат и без да изврши контрола на соодветноста на банкарската гаранција, ја депонирала во предметот како вистинска. О.С.С., раководител на Одделение за игри на среќа и за забавните игри, без да ја провери соодветноста на доставената банкарска гаранција ја проследила без приемен печат до Л.Т., која во својство на раководител на Сектор за финансиски систем во Сектор за финансиски систем и потоа М.С. во својство на Државен советник за прашања од финансискиот систем, со пропуштање на должен надзор, го одобриле проследувањето на лажната банкарска гаранција до О.Н., државен советник за јавна внатрешна финансиска контрола, која била должна да изврши проверка на предметите кои се доставуваат во Сектор кабинет за потпис од Министерот за финансии, Заменик министерот за финансии и Државниот секретар, а кои се во надлежност на Секторот за финансиски систем, во делот на издавање на лиценците за приредување на игрите на среќа во обложувалница, автомат клуб, казино и томбола од затворен тип.
Со наведените дејствија пријавените лица предизвикале штета на државниот буџет во износ од 32.000 евра и му овозможиле на правниот субјект да ја користи добиената лиценца и да се стекне со противправна имотна корист од 13.489.952 денари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Дете нападнато од врсници во Карпош, едниот снимал со телефон
Вчера во 18:30 часот во СВР Скопје, Ј.Ц.А. (45) од Скопје пријавила дека околу 14:45 часот на подрачјето на Карпош, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од двајца малолетници кои ги познавале, информираат од МВР.
Според пријавата, едниот од напаѓачите го снимал настанот со мобилен телефон.
Од полицијата соопштуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Приведен 15-годишен кумановец поради кражба на автомобил и приватни имоти
На 23 февруари 2026 година во 11:10 часот, полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода 15-годишник од Куманово, информираат од МВР.
Според полицијата, тој одзел паркирано патничко моторно возило „форд ескорт“, сопственост на Р.Ј. (25) од Куманово. Дополнително, се сомничи дека влегол во два приватни имоти и одзел повеќе предмети.
Малолетникот бил приведен во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Фото: илустрација
Црна хроника
14-годишно дете возејќи автомобил во Дебреште удрило во бетонски столб, повреден е и неговиот малолетен сопатник
Синоќа во полицијата било пријавено дека во село Дебреште, општина Долнени, патничко возило „опел“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 14-годишен малолетник од селото, удрило во бетонски столб, соопшти МВР.
Во несреќата, 14-годишен сопатник од Дебреште се здобил со тешки телесни повреди, додека возачот и 16-годишен сопатник се здобиле со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница Прилеп.
Увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Прилеп.

