Црна хроника
МВР: 615 лица казнети поради неносење маска

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на земјата, во однос на мерката за носење лична заштита на лицето, регистрирани се 615 прекршоци. Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид-19.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Фатен бегалец од затвор

Денеска во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Радовиш го лишиле од слобода Е.Н., на возраст од 24 години од село Бучим, радовишко.
Тој бил баран по потерница поради бегство од „Затвор – Струмица“, каде издржувал затворска казна во траење од седум месеци за сторено кривично дело „криумчарење на мигранти“.
Лицето имало за доиздржување еден месец и три дена. Е.Н. е спроведен во КПУ „Затвор – Струмица“ за доиздржување на казната.
Црна хроника
Маж пријавил во полиција дека го тепала поранешната партнерка

Вчера во 17:30 часот во СВР – Скопје, 22-годишен скопјанец пријавил дека околу 12 часот на подрачјето на Бит Пазар, бил физички нападнат од неговата поранешна партнерка Б.М.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанка ограбена во Карпош, ѝ ја украле чантата со пари

Вчера во 16 часот во СВР – Скопје, И.Д., 29-годишна скопјанка, пријавила дека околу 14:20 часот на подрачјето на Карпош, едно лице со употреба на физичка сила ѝ ја одзело чантата каде имало пари, документи и лични предмети.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.