Црна хроника
„Мерцедес“ опожарен во катна гаража
Во катната гаража на улицата Стефан Јакимов Дедов синоќа бил опожарен автомобил „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки.
Од пожарот бил зафатен и автомобил „пежо 106“, информираат од МВР и додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривична против полицајци за злоупотреба на службената положба и овластувања
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за истражување и гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, поднесе кривична пријава против Г.М., Ќ.Р. и Г.П., поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353 од КЗ.
Пријавените полициски службеници како службени лица со искористување на својата службена положба и овластување, со пречекорување на границите на своето службено овластување и со неизвршување на својата службена должност, во периодот од 12.09.2024 до 31.10.2024 на турскиот државјанин А.Д. му нанеле штета и потешко му ги повредиле правата на начин што противправно и неовластено му го ограничиле движењето и го задржале во Прифатниот центар за странци Гази Баба.
Турскиот државјанин А.Д. на 08.09.2024 незаконски остварил влез во РСМ, поради што на 12.09.2024 заедно со други мигранти од Ирак бил задржан во прифатен центар за странци Гази Баба. Откако лицата дале исказ пред обвинител, другите мигранти биле однесени во Транзитен центар Табановце, а турскиот државјанин бил вратен во Прифатниот центар со образложение дека треба да се спроведе прекршочна постапка заради остварен илегален влез, иако ваква прекршочна постапка не била ниту отпочната.
Пријавените полициски службеници ненавремено презеле дејствија за проверки преку Секторот за меѓународна полициска соработка, презеле дејствија за утврдување на идентитет и покрај тоа што идентитетот на странецот бил утврден врз основа на национална лична карта и презеле други непотребни процесни дејствија спротивно на Законот за странци и Законот за прекршоци, со што на турскиот државјанин му ја ограничиле слободата на движење и противправно го задржале во Прифатниот центар за странци.
Против полициските службеници Одделот ќе поднесе предлог за поведување на постапка за кршење на работниот ред и дисциплина и ќе изрече задолжителна мерка за отстранување од работно место – суспензија до завршување на дисциплинската постапка.
Црна хроника
Повредена скопјанка, врз неа паднал звучник во угостителски објект во Центар
Денеска во 00.40 часот во СВР Скопје, Е.П.(23) од Скопје пријавила дека на 26.12.2024 околу 21.45 часот во угостителски објект на подрачјето на Центар, се здобила со повреди откако врз неа паднал звучник, кој бил поставен во објектот.
Излезено е на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје.
Црна хроника
Во простории на здружение во Аеродром почина жена откако и се слошило
Вчера во 13.06 часот во СВР Скопје од Итната медицинска помош било пријавено дека во службени простории на здружение, на подрачјето на општина Аеродром, на Ѓ.А.(76) од Велес и се слошило и починала.
Од страна на лекар констатирана била смрт без видливи траги на насилство.
По наредба на јавен обвинител телото на починатата било предадено на обдукција.