Црна хроника
Мигранти од Авганистан шверцувале други мигранти за пари од Атина до Куманово
Двајца мигранти биле фатени како шверцуваат други мигранти на територијата на Куманово.
Според информациите, во периодот од 10 до 12 април 2022 година, двајца мигранти од Авганистан, М. Б. (27) и Ф. Х. (30), по претходен договор за сума од 800 до 1.000 евра од лице, во улога на водичи, прифатиле и нелегално пренеле тројца мигранти од Конго, Камерун и од Брегот на Слоновата Коска од Атина, Р. Грција, до Куманово, со цел нивно прифаќање и привремено засолнување на подрачјето на Куманово (атар на селата Лојане и Ваксинце), а од таму нивно пренесување преку македонско-српската граница до државите на ЕУ.
Тие претходно имале утврдени и договорени локации во Атина и организирале нивно префрлување со возило до локација во близина на грчко-македонската гранична линија по што пеш нелегално преминале на територијата на нашата држава и ги одвеле до Кумановскиот Регион,за нивно понатамошно пренесување во Р. Србија.
На 13.4.2022 година Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал до ОЈО за ГОКК поднесе кривична пријава против М. Б и Ф. Х., двајцата од Авганистан, за сторено кривично дело шверцување мигранти.
Од страна на судија на претходна постапка на двете кривично-пријавени лица им е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Дете нападнато од врсници во Карпош, едниот снимал со телефон
Вчера во 18:30 часот во СВР Скопје, Ј.Ц.А. (45) од Скопје пријавила дека околу 14:45 часот на подрачјето на Карпош, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од двајца малолетници кои ги познавале, информираат од МВР.
Според пријавата, едниот од напаѓачите го снимал настанот со мобилен телефон.
Од полицијата соопштуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Приведен 15-годишен кумановец поради кражба на автомобил и приватни имоти
На 23 февруари 2026 година во 11:10 часот, полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода 15-годишник од Куманово, информираат од МВР.
Според полицијата, тој одзел паркирано патничко моторно возило „форд ескорт“, сопственост на Р.Ј. (25) од Куманово. Дополнително, се сомничи дека влегол во два приватни имоти и одзел повеќе предмети.
Малолетникот бил приведен во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Фото: илустрација
Црна хроника
14-годишно дете возејќи автомобил во Дебреште удрило во бетонски столб, повреден е и неговиот малолетен сопатник
Синоќа во полицијата било пријавено дека во село Дебреште, општина Долнени, патничко возило „опел“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 14-годишен малолетник од селото, удрило во бетонски столб, соопшти МВР.
Во несреќата, 14-годишен сопатник од Дебреште се здобил со тешки телесни повреди, додека возачот и 16-годишен сопатник се здобиле со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница Прилеп.
Увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Прилеп.

