Црна хроника
Мигрант починал од струен удар на вагон од товарен воз во Демир Капија

Вчера околу 17.30 часот во ОВР Неготино било пријавено дека на Железничка станица Демир Капија, на вагон од товарен воз, кој сообраќал на релација Гевгелија – Табановце, машко лице (мигрант) починало од струен удар.
Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Кавадарци.
Увид на местото извршиле јавен обвинител и екипа од ОВР Неготино.
МВР соопшти дека се работи на расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Малолетници ограбиле жена на улица во Карпош

Двајца малолетници ограбиле жена на улица во Карпош.
Според информациите на МВР, вчера во 10.00 часот во СВР Скопје В.Т.(62) од Скопје пријави дека околу 06.00 часот на подрачјето на Карпош две малолетни лица со употреба на физичка сила и ја одзеле чантата, во која имало пари, мобилен телефон, лични документи и други предмети.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Вработена во Ургентниот центар нападната од нејзин колега

Скопјанка пријавила во полиција дека била нападната од вработен во Клиниката „Мајка Тереза“.
Според информациите од МВР, вчера С.А.(51) од Скопје пријави дека во Ургентниот центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје била физички нападната од Г.В., двајцата вработени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Вработена во основно училиште во Тетово нападнала ученик

Вработена во основно училиште во Тетово нападнала ученик.
Според информациите на МВР, СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ѓ.С.(43) од с.Мала Речица, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „малтретирање при вршење на службата“.
На 30.05.2025 во основно училиште во Тетово, пријавената- вработена во училиштето, физички нападнала ученик во училиштето.