Црна хроника
Млад кичевец ја запали ќелијата во затворот во Битола, сега ќе одговара и за предизвикување општа опасност
СВР Битола до Основното јавно обвинителство Битола поднесе кривична пријава против А. В. (20) од Кичево поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело предизвикување општа опасност, казниво по член 288 од Кривичниот законик.
Имено, на 11.7.2023, во периодот од 19 до 19.20 часот, во Казнено-поправната установа „Затвор Битола“, пријавениот предизвикал пожар во ќелијата во која издржувал казна притвор, при што просторијата била опожарена, а биле оштетени и други простории во притворското одделение.
Осумнаесет притвореници претходно беа евакуирани за време на пожарот што избувна во притворското одделение во затворот во Битола.
Службените лица во затворот најпрвин со противпожарни апарати се обиделе самите да го изгасат пожарот, но бидејќи не успеале, веднаш почнале со евакуација на 18 притворени лица кон шеталиштето за притворени и повикале надворешно обезбедување, пожарна и брза помош. Пожарот за кратко време бил локализиран.
Како што објави „Макфакс“, притворениците биле пренесени во други казнено-поправни установи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Камион удри во крава на патот Крива Паланка – Куманово
Камионџија од Бугарија усмрти крава на патот Крива – Паланка – Куманово.
Според информациите на МВР, вчера во 18:00 часот во ОВР Крива Паланка e пријавено дека на магистралниот пат Крива Паланка – Куманово, во село Жидилово, кривопаланечко, товарно возило „мерцедес“, управувано од Е.М.С.(59) од Бугарија, удрило во домашно животно – крава, по што животното починало, а тој со возилото го напуштил местото.
По преземени мерки Е.М.С. бил пронајден и против него ќе следува соодветна пријава. Увид извршила екипа од ОВР Крива Паланка.
Црна хроника
84-годишна битолчанка измамена за сума од 9.600 евра
Осумдесет и четиригодишна битолчанка пријавила во полицијата дека била измамена од едно лице за сума од 9.600 евра.
„Според пријавеното, претходно лицето ѝ се јавило, се претставило како лекар и ѝ кажало дека нејзината ќерка се здобила со скршеници и било потребно да се направи итна операција, за што требало да плати. Како што е пријавено, таа ги дала парите на едно лице кое дошло пред нејзината зграда, а откако подоцна се слушнала со нејзината ќерка сфатила дека е измамена“, велат од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Фото: Depositphotos
Црна хроника
Скопјанец нашол паричник во Струга, ги потрошил парите, па пазарел и со картичката, МВР го пронајде
Полицијата во Струга поднесе кривична пријава против П.П. (41) од Скопје, со привремено живеалиште во Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.
Тој, во угостителски објект во Струга пронашол паричник сопственост на лице од струшко село, по што со парите а потоа и со банкарска платежна картичка, на повеќе продажни места, неовластено извршил плаќање за свои потреби.

