Црна хроника
Млад тетовец ја истепал поранешната девојка
Полицијата, синоќа, околу 21.30 часот, на улицата Илинденска во Тетово, го приведе 23-годишниот Н. А. од тетовска Голема Речица поради насилство.
Младиот тетовец еден час пред приведувањето бил пријавен од 22-годишна тетовка, со која претходно бил во љубовна врска, дека попладнето физички ја нападнал додека со возило се движеле во централното подрачје, велат од СВР Тетово.
Тој е задржан во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот по што ќе му биде изготвен соодветен поднесок.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Инциденти во скопски Аеродром: нападнати сопружници на паркинг, ограбен локал
Три инциденти регистрирала полицијата, во текот на вчерашниот ден, во скопската општина Аеродром.
Според информациите објавени во дневниот билтен, нападнат бил 19-годишник во кафуле од страна на 30-годишен скопјанец.
Физички нападнати биле и сопружници среде бел ден на паркинг.
„Б.Д.(65) од Скопје пријавила дека околу 12.30 часот на паркинг простор на подрачјето на општина Аеродром, таа и нејзиниот сопруг П.Д.(69) биле физички нападнати од Б.Н.(39) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок“, велат од МВР.
Истиот ден имало и грабеж од угостителски објект, кога непознат сторител со употреба на физичка сила и погоден алат од објектот одзел роба, пари и други предмети.
Црна хроника
Дете нападнало врсник со нож во Чаир
Четиринаесетгодишник бил избоден од 15-годишен малолетник синоќа по 20 часот во Чаир.
Случајот во полицијата го пријавил таткото на повреденото момче.
Нешто пред полноќ, во придружба на родител, малолетникот-напаѓач се самопријавил за стореното дело и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, соопштија од полицијата за случајот.
Црна хроника
Возачот кој удри во тинејџер во Битола се пријавил во полицијата
Дваесет и двегодишно момче управувало со возилото кое вчеравечер околу 3 часот по полноќ удри во 17-годишник кој се здоби со тешки повреди.
Возачот утрото во 7.20 часот самиот се пријавил во полицијата, соопшти МВР. Се работи за момче од битолско, кое управувало автомобил со германски национални ознаки.
Со него од страна на полициски службеници извршен бил службен разговор.
За настанот бил известен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.