Црна хроника
Момче и девојка брутално нападнати од три лица пред дискотека во Охрид
Дваесет и осумгодишна девојка и 34-годишно момче биле напднати синоќа во Охрид.
Според информациите од полицијата, за нападот осомничени се три лица кои ги начекале девојката и момчето на паркинг пред ноќен клуб во Охрид околу 2 часот по полноќ.
Момчето се здобило со тешки повреди, а полицијата ги повика во станица А.Т. и К.С. двајцата од Охрид, кои се сомничат за нападот заедно со уште едно лице.
Известен е јавен обвинител и по целосно расчистување и документирање на настанот, против напаѓачите ќе биде поднесена соодветна пријава, информираа од СВР Охрид.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тетовец измамил жена од Косово за 732 евра
Жена од Косово била измамена од Е.В.(45) од Тетово.
Според пријавеното во МВР, во текот на минатиот месец, во комуникација преку социјалните мрежи, тој ѝ ветил дека ќе ѝ среди во Скопје да полага испит по германски јазик согласно законските прописи и, откако се договориле, таа преку брз трансфер на пари му уплатила 732 евра.
Откако последните денови не им се јавувал, тие сфатиле дека биле измамени.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец ги нападнал сопругата и малолетната ќерка, па кршел по дома
Полицијата вчера го приведе Ѓ.Р.(44) од Скопје, затоа што околу 11.00 часот во семејниот дом на подрачје на општина Аеродром во Скопје, по претходна расправија, физички ги нападнал својата 49-годишна сопруга и својата малолетна ќерка, а оштетил и дел од покуќнината.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветна пријава, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Четворица искасани од кучиња скитници во Скопје
Четири лица пријавиле каснување од куче скитник во полициските станици во Скопје.
На 21.05.2024 во 12.00 часот во Полициската станица Чаир, В.П.(46) од Радишани, скопско, пријавила дека на ул.„48“ во Радишани била касната од куче скитник.
На 21.05.2024 во 18.40 часот во СВР Скопје, К.Т.(62) од Скопје пријавил дека на паркингот на Универзитет Св.„Кирил и Методиј“ бил каснат од куче скитник.
На 21.05.2024 во 20.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, К.К.(75) од Скопје пријавил дека на ул.„Новопроектирана“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
На 21.05.2024 околу 19.30 часот во Полициската станица Шуто Оризари, Б.С.(35) од Скопје пријавила дека на ул.„Брсјачка буна“ во Скопје, нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник.