Скопје
Мотоциклист загина во Ново Лисиче

Мотоциклист загина во сообраќајна несреќа што се случила утрово околу 7 часот во Ново Лисиче во близина на мостот „Близнаци“. Според информациите од полицијата, во несреќата учествувале мотоцикл и возило „мицубиши“ со скопски регистарски таблички.
Мотоциклистот починал на самото место, а неговиот идентитет засега не е познат.
Полицијата врши увид, а сообраќајот се пренасочува.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Водовод“: Поради прекини на струја дојде до два дефекти истовремено на главната водоводна линија

ЈП Водовод и канализација – Скопје известува дека поради повеќе краткотрајни прекини на снабдување со електричната енергија во регионот кај бунарите на Лепенец, предизвикана е варијација на притисокот на пумпниот систем од бунарите кон градскиот цевковод од каде се дополнува водоснабдителниот систем.
Како резултат на прекините на мрежата на електрична енергија, настанати се 2 дефекти истовремено на главната водоводна линија Ф-600, како и дефект во шахта на Ф-400 на еден од бунарите.
„Поради овие дефекти, во неколку населени места од градот дојде до прекин на водоснабдувањето, но по брзата рескција на нашите екипи водоснабдувањето постепено се стабилизира со цел да се избегнат нови појави на дефекти и дополнителни оптоварувања на системот. Екипите на ЈП Водовод и канализација веднаш излегоа на терен и работат интензивно на санација на дефектите, со цел во најкраток можен рок да се обезбеди целосна нормализација на водоснабдувањето“, се наведува во соопштението на ЈП Водовод и канализација – Скопје.
Македонија
Делови од Карпош и Сарај денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од ул. Пелистерска 4-1/8. (општина Карпош)
– во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците од улиците бр. 3 и бр. 5 како и околните објекти во нивна близина во Сарај.(општина Сарај)
Македонија
Без вода дел од Центар

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на улицата Димитрие Чуповски бр.10 без вода ќе останат корисниците од улицата Никола Вапцаров лоцирани на потегот од Министерство за правда до Плоштад Македонија, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 08.00 часот па се до отстранување на дефектот.