Топ
Мотоциклист тешко повреден во сообраќајка кај Триангла

На 22.8.2022 вo 19:10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од ул. Благоја Стефковски со ул. Методија Андонов Ченто, на место викано Триангла, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „тојота“ со скопски регистарски ознаки управувано од М.Ј.(36) од с. Трубарево, Скопско, и мопед „кимко“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Д.П.(48) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Трамп пресече: Понеделник ќе биде „Денот Д“

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе разговара телефонски со рускиот претседател Владимир Путин во понеделник, 19 мај.
Разговорот со рускиот лидер е закажан за 10 часот наутро по американско време, а главните теми ќе бидат завршувањето на конфликтот во Украина, кој одзема животи на голем број и Руси и Украинци, а втората тема ќе биде трговијата, напиша Трамп на својата социјална мрежа „Truth“.
После тоа, тој ќе разговара и со Владимир Зеленски.
Американскиот претседател исто така има намера да разговара со неколку лидери на земјите-членки на НАТО.
„Се надевам дека ќе биде успешен ден, дека ќе се постигне прекин на огнот и дека војната, која никогаш не требаше да се случи, ќе заврши“, рече Трамп.
Македонија
Таравари: Не сме навикнати да бидеме декорација, така беше во Владата

Арбен Таравари, поранешниот министер за здравство, ја објасни својата оставка во интервју за албанската телевизија МЦН. Како причина за напуштањето на Владата ја наведе игнорацијата кон Вреди и недостигот на координација меѓу албанските партии во владејачката коалиција.
„Ние како Алијанса за Албанците не сме навикнати да бидеме само декорација. Затоа решивме да одиме во опозиција и да се вратиме кај граѓаните. За нас е важно да се мобилизираме и да извојуваме победа на локалните избори во октомври“, изјави Таравари.
Тој посочи дека, иако првпат четири албански партии биле дел од една влада, во последните месеци дошло до сериозна дискоординација што, според него, ја искористила најголемата македонска партија.
Во меѓувреме, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, синоќа од Арачиново му испрати порака на премиерот Христијан Мицкоски, обвинувајќи го дека со менување на Законот за употреба на јазиците и Охридскиот рамковен договор го загрозува мирот и стабилноста на државата.
„Албанците се над 30%, живеат на своите огништа и се нераскинлив дел од државноста. Ниту една сила не може да ја сопре оваа реалност“, порача Ахмети.
Политичките тензии се зголемуваат во момент кога се појавуваат гласини дека дел од пратениците на Европскиот фронт преминуваат во Вреди. Вицепремиерот Изет Меџити изјави дека најмалку четворица пратеници ќе се приклучат на новата група.
Од коалицијата Вреди, пак, денеска испратија соопштение во кое тврдат дека ДУИ се движи кон политичка бездна и дека Ахмети го доживува својот крај. Ги повикаа разочараните поддржувачи на Алијанса за Албанците да им се приклучат.
„Употребата на Таравари е само обид да се создаде димна завеса и да се скрие падот на ДУИ“, стои во нивното соопштение.
Новата пратеничка група Вреди, формирана пред два дена, моментално брои 9 пратеници, а нов координатор е Беким Ќоку. Дополнително, се најавува и посебна пратеничка група од крилото на Таравари во Алијансата, која според најавите ќе брои 5 пратеници и ќе поднесе барање до Собранието идната недела.
Македонија
Ноќва ќе се смрзнеме, УХРМ предупредува за минусни температури

Наспроти најавите за потопло време, Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) предупредува дека ноќва и утре изутрина температурите во некои делови на државата ќе се спуштат под нулата. Се очекуваат минимални температури од -1 до 7 степени Целзиусови, а дневните ќе достигнат од 14 до 26 степени.
Од УХМР информираат дека следува период на стабилно и топло време, кој ќе трае до понеделник. Сепак, предупредуваат дека утринските часови ќе бидат студени, со што постои ризик за мраз, особено во ниските места и котлините, што може да предизвика штети кај чувствителните земјоделски култури.
„Во текот на наредната седмица, во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност, проследена со пороен дожд и ретки грмежи“, стои во најавата од УХМР.
Метеоролозите апелираат до возачите да бидат внимателни поради можна појава на лизгави делници рано наутро, како и до земјоделците да преземат мерки за заштита на посевите од утринскиот мраз.