Црна хроника
Мотоциклист тешко повреден во Тетовско
Мотоциклист е тешко повреден во сообраќајна несреќа во Тетовско. Според полицијата, вчера во 19.30 часот на регионалниот пат село Јажинце-Тетово се случила сообраќајна незгода помеѓу возило „фолксваген голф“, управувано од Ф.К. (43) од Тетово, и мотоцикл „кумко“, управуван од 17-годишник од Тетово.
Во незгодата мотоциклистот добил тешки телесни повреди и со возило на итната медицинска помош бил пренесен во Клиничката болница во Тетово, но поради сериозноста, тој бил префрлен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово и се работи на целосно расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Претрес во неготинско, пронајдени пиротехнички средства, уапсено едно лице
На 23.12.2025 во 07:40 часот, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода И.Р.(34) од с.Криволак, неготинско.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, пронајдени и одземени се пиротехнички средства. Тој е приведен во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Тепачка поради паркинг во Кисела Вода, уапсено едно лице
Едно лице е уапсено поради физички напад за паркинг на подрачјето на Кисела Вода.
Вчера во 18:30 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници го лишија од слобода С.Р.(34) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека на 19.12.2025 околу 16:30 часот и на 22.12.2025 околу 11:30 часот, по претходно недоразбирање за паркинг простор, упатувал закани на А.Е.(40) од Скопје, а потоа и физички го нападнал.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Ја претепал сопругата: уапсен маж од Струшко
ОВР Струга поднесе кривична пријава против А.Х.(39) од струшко селo.
Тој се сомничи за сторено кривично дело „телесна повреда“.
Имено на 28.11.2025 во семејниот дом во селото, пријавениот физички ја нападнал неговата сопруга, по што бил лишен од слобода.

