Црна хроника
Мотоциклист тешко повреден по судир со патничко возило во Скопје

Синоќа во 22.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Џон Кенеди“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди а 4“ со германски национални ознаки, управувано од Ј.Х.(47) од Сојузна Република Германија и мотоцикл со скопски регистарски ознаки, управуван од О.Б.(23) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Малолетник нападнат во двор на средно училиште во Карпош

МВР информира дека вчера бил пријавен напад врз малолетник во двор на средно училиште на подрачјето на Карпош, Скопје.
Според пријавата, околу 13:15 часот неколку малолетници физички го нападнале ученикот, при што бил употребен и тврд предмет. Настанот го пријавил таткото на нападнатиот, К.Р. (40) од Скопје.
Од МВР додаваат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тепачка на паркинг кај „Мајка Тереза“ по сообраќајна несреќа

Вчера и околу 09:00 часот на паркинг простор во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, по претходно случена сообраќајна незгода, едно лице физички нападнало 39-годишен маж од с. Џепчиште, тетовско, информира МВР.
Настанот бил пријавен во 11:50 часот во СВР Скопје. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Четири тешки сообраќајни несреќи во земјата, повредени повеќе лица

На 22 септември во земјава се регистрирани четири сообраќајни несреќи во кои тешко се повредиле повеќе лица, информира МВР.
Скопје, ул. Александар Урдаревски
Во 07:35 часот се судриле патничко возило „пежо 307“, управувано од М.К. (46) од с. Кучевиште, и мотоцикл управуван од А.К. (23), исто така од Кучевиште. Со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, а со телесни повреди неговиот сопатник Н.Д. (22). Повредите се констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Скопје, ул. Призренска
Во 13:00 часот се случила несреќа помеѓу товарно возило „опел“, управувано од А.Б. (34) од Скопје, и мопед управуван од И.А. (48) од Скопје. Со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, кој бил пренесен во „Мајка Тереза“.
Охрид, ул. 7 Ноември
Во 18:25 часот мопед управуван од М.Р. (18) од Охрид се судрил со патничко возило „ауди“, управувано од И.Е. (23) од с. Велгошти. Со тешки телесни повреди се здобил малолетникот возач на мопедот и неговата сопатничка М.Н., пренесени во Специјалната болница „Св. Еразмо“.
Регионален пат Велес–Градско, кај Ногаевци
Во 05:45 часот трактор „имт 533“ без регистарски таблици, управуван од Д.П. (67) од с. Ногаевци, се судрил со „фолксваген голф“, управуван од Ѓ.Т. (71) од Велес, и „форд“ управуван од Р.К. (43) од Неготино. Со тешки телесни повреди се здобил возачот на тракторот, а со телесни повреди сопатникот од „голфот“ Д.А. (74) од Велес. Повредените се пренесени во Општата болница Велес.
За сите несреќи извршени биле увидни постапки од екипи на соодветните полициски управи.