Црна хроника
Мотоцикл удри во пешак, тешко повредена 18-годишна девојка

Сообраќајна несреќа се случила вчера во Кавадарци, при што мотоцикл управуван од 22-годишен маж удрил во 18-годишна девојка која одела пеш, а потоа и во патничко возило „голф“ со велешки регистарски ознаки.
Пешакот се здобил со тешки телесни повреди, а по укажаната лекарска помош во Јавната здравствена установа Кавадарци, девојката била префрлена во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
„Увид на местото извршила увидна екипа од Полициската станица Кавадарци“, соопшти МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Скопјанeц ги убил девојката и татко и во Велес, па се самоубил

Денеска (15.09.2025) во 15:30 часот во СВР Велес е пријавено е дека на ул.,,Кочо Рацин“ во Велес е пронајдено женско лице со повреди од остар предмет.
На местото, како што соопшти МВР, излегле полициски службеници и констатирале дека се работи за Р.К.(31) од Велес, која од Итна медицинска помош била пренесена во болницата во Велес, каде што е констатирана смрт.
Веднаш потоа, во домот на нејзиниот татко на истата улица, пронајден е починат и татко и К.К.(74), кој исто така, имал повреди од остар предмет.
Во домот со повреди од остар предмет е пронајден и И.С.(39) од Скопје, поранешен партнер на Р.К., за кој според првичните информации постои сомнение дека ги нападнал двајцата, по што сам се повредил.
Откако е пренесен во болницата во Велес и кај него е констатирана смрт. Увид врши јавен обвинител во содејство со увидна екипа СВР Велес и се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти МВР.
Топ
Повреден 18-годишник, велосипедист во Чаир испукал кон него неколку куршуми и избегал

Ноќеска ургентниот центар на комплексот клиники „Мајка Тереза“ во полиција пријавил дека кај нив е донесен 18-годишник повреден од огнено оружје. Човекот кој го донел в болница на полицајците им кажал дека во повредениот дека пукал велосипедист и избегал.
„На 15.09.2025 во 01:04 часот во СВР Скопје, од ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ е пријавено дека кај нив со повреди од огнено оружје е донесен М.И.(18) од Скопје. Полициски службеници од Полициската станица Бит Пазар извршиле разговор со В.И.(28) од Скопје, кој со возило го донел повредениот, при што тој изјавил дека на ул.„Методија Митевски“ едно лице, кое било со велосипед, неколку пати од огнено оружје пукало кон М.И. и го напуштило местото“, соопшти МВР.
Полицијата извршила увид и презема мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Во Гостивар приведен бегалец од затвор, осуден на пет ипол години затворска казна

Вчера во 13:20 часот на улица „Браќа Блажески“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го привеле 42-годишниот Е.М. од Гостивар.
Тој бил баран поради бегство од Казнено-поправната установа Затвор Прилеп каде што издржувал казна затвор од пет години и шест месеци за сторено кривично дело „незовластено производство и пуштање во промнет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ по член 215 од Кривичниот законик.
Лицето е спроведено во Казнено-поправната установа Прилеп за издржување на казната.