Црна хроника
Му ја одбила понудата за брак, па ја уценувал со компромитирачки снимки

Кумановската полиција поднесе кривична пријава против 36-годишен кумановец, поради сомнение за сторено кривично дело уцена.
Пријавениот, во периодот од 2019 и 2020 година, бил во љубовна врска со оштетената, при што во тој период, без нејзино знаење, направил снимки со компромитирачка содржина.
Во април годинава, откако оштетената ја одбила неговата брачна понуда, истиот ѝ се заканил дека ќе ги прати снимките на нејзините роднини и пријатели, праќајќи ѝ притоа две снимки и заканувајќи се дека останатите јавно ќе ги објави на социјалните мрежи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Малолетници ограбиле жена на улица во Карпош

Двајца малолетници ограбиле жена на улица во Карпош.
Според информациите на МВР, вчера во 10.00 часот во СВР Скопје В.Т.(62) од Скопје пријави дека околу 06.00 часот на подрачјето на Карпош две малолетни лица со употреба на физичка сила и ја одзеле чантата, во која имало пари, мобилен телефон, лични документи и други предмети.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Вработена во Ургентниот центар нападната од нејзин колега

Скопјанка пријавила во полиција дека била нападната од вработен во Клиниката „Мајка Тереза“.
Според информациите од МВР, вчера С.А.(51) од Скопје пријави дека во Ургентниот центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје била физички нападната од Г.В., двајцата вработени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Вработена во основно училиште во Тетово нападнала ученик

Вработена во основно училиште во Тетово нападнала ученик.
Според информациите на МВР, СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ѓ.С.(43) од с.Мала Речица, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „малтретирање при вршење на службата“.
На 30.05.2025 во основно училиште во Тетово, пријавената- вработена во училиштето, физички нападнала ученик во училиштето.