Црна хроника
Над 80 возачи изминатите три дена возеле побргу од дозволеното
Во текот на изминатите три дена на подрачјето на Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека 82 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 73 возачи, од кои: 25 возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол, 39 возачи управувале возила, без да стекнат право за управување моторно возило и девет возачи затоа што биле возачи почетници.
Исто така, исклучени од сообраќај се и 40 возила бидејќи 37 биле нерегистрирани и три возила биле технички неисправни. Санкционирани се седум возачи поради поминување крстосница на црвено светло, осум возачи поради недавање првенство на минување пешаци, еден возач поради неправилно престигнување, 19 возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување моторно возило и 22 возачи поради користење мобилен телефон при управување возило.
Во текот на изминатите денови издадени се 253 мандатни платни налози и 157 возила се подигнати со специјално возило „пајак“. Изминатите денови се случиле 23 сообраќајни незгоди, во кои едно лице добило тешки телесни повреди, а 19 лица поминале со телесни повреди.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.