Црна хроника
Нападната вработена на Комплексот клиники во Скопје
Вработена на Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје пред два дена била нападната на работното место.
„Н.Т.(58) од Скопје пријавила дека на 30.07.2024 околу 13.00 часот во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, додека извршувала работни задачи како вработена во Центарот за рехабилитација на патологија на вербална комуникација, била физички нападната од едно лице“, соопшти МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ученик од основно училиште во Скопје бил полово вознемируван од негов соученик
Триесет и шестгодишна жена скопјанка пријавила дека на 17 септември во основно училиште на подрачјето на Карпош во Скопје, нејзиниот малолетен син бил полово вознемируван од негов соученик.
Се работи на расчистување на случајот.
Црна хроника
Сопственик на локал во Гостивар нападнал вработена
Полицијата поднесе кривична пријава против С.А.(55) од Гостивар поради насилство.
„На 04.08.2024 во уостителски објект во Гостивар, пријавениот, сопственик на објектот, по претходно недоразбирање, физички ја нападнал вработената М.А..“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Скопјанка пријавила манијак кој се соблекувал пред малолетници
Триесет и деветгодишна жена од Скопје пријавила дека на 18 септември околу 13.00 часот на подрачјето на Центар во Скопје, едно лице се соблекувало пред повеќе малолетници.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, објави МВР во дневниот билтен.