Црна хроника
Нападнати двајца полицајци од кучиња, сопственикот бил пријавен дека ги чувал небезбедно

Во текот на вчерашниот ден се нападнати двајца полицајци од кучиња, додека нивниот сопственик бил пријавен дека ги чувал небезбедно.
Вчера во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Кисела Вода, двајца полициски службеници, додека извршувале службени задачи, биле нападнати и каснати од неколку кучиња сопственост на М.Г.(54) од Скопје, за кој претходно било пријавено дека во дворот на небезбеден начин ги чувал кучињата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Автомобил управуван од млада девојка од Албанија излета од патот кај Меџитлија, повредени четири лица

Вчера на патот Битола – Граничен премин Меџитлија, патничко возило „форд“, управувано од 21-годишната А.С. од Република Албанија, излетало надвор од коловозот.
„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила нејзината сопатничка, Н.С.(47), додека со телесни повреди се здобиле А.С., сопатничката А.С.(44) и уште една 15-годишна малолетничка, сите од Република Албанија, констатирани во Клиничката болница Битола“, соопшти МВР.
Извршен бил увид.
Црна хроника
Мајка од Гостиварско го повредила своето 4-годишно дете, МВР поднесе кривична

Полицијата поднесе кривична пријава против М.С.(40) од гостиварско, поради сомнеж за насилство врз дете.
Според информацијата од полицискиот билтен, на 4 јули пријавената физички го нападнала нејзиното четиригодишно дете и му нанела повреди.
Црна хроника
Пијан возач во Македонска Каменица удрил во девојче и избегал

Полицијата уапси возач во Македонска Каменица кој возел под дејство на алкохол, удрил во малолетничка и избегал од местото на несреќата.
Доцна синоќа, во 02.10 часот на ул.„Каменичка“ во Македонска Каменица, полициски службеници го уапсија Г.А.(51) од Македонска Каменица.
Тој се сомничи дека околу 23.00 часот на 12.08.2025 со патничко возило „мерцедес“ со италијански национални ознаки, кое го управувал, удрил во 13-годишна малолетничка од Македонска Каменица и го напуштил местото.
Малолетничката се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во Клиничка болница Штип за укажување помош.
По преземени мерки Г.А. бил пронајден, при што било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,99 промили алкохол во крвта и бил лишен од слобода.
Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.