Црна хроника
Нападнат вработен во скопски Клинички центар
На 01.01.2023 во 05.30 часот во Полициската станица Центар, С.А.(31) од Сопиште пријавил дека околу 03.50 часот на работното место во Ургентен центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“ бил физички нападнат од едно лице.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
15-годишно девојче од Светиниколско не се вратило дома од училиште: мајката пријавила во полиција
15-годишно девојче не се вратило дома од училиште, случајот го пријавила нејзината мајка во Свeтиниколско.
Имено денеска (09.10.2024) во 02.24 часот во Полициската станица Свети Николе, Д.М.(35) од с.Ерџелија, светиниколско, пријавила дека нејзината ќерка Б.Т.(15) не се вратила дома од училиштето во кое учи во Штип.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
МВР со кривични пријави за неколкумина за„фалсификување исправа“, „употреба на исправа со невистинита содржина“ и „несовесно работење во службата“
Одделот за криминалистичка полиција во координација со Единицата за финансиски криминал при Секторот за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава против правно лице од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“, против Д.Ј.(37) од Кавадарци, управител во правното лице, поради постоење основано на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување исправа“ и „употреба на исправа со невистинита содржина“, против Н.М.П.(40), О.С.С.(49), О.Н.(54), сите од Скопје, вработени во Министерството за финансии, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ и против Л.Т.(63) и М.С.(45), двете од Скопје, вработени во Министерство за финансии, поради постоење основано сомневање за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“ од Кривичниот законик.
Во периодот од 13.07.2022 до 06.08.2024, пријавениот Д.Ј., на управител на правното лице, изготвил лажна исправа – Банкарска гаранција, наводно издадена од една банка. После тоа, банкарската гаранција ја приложил како вистинска во Министерството за финансии, во врска со добиената лиценца за приредување на игри на среќа, во која е предвидено дека приредувачот на игри на среќа за обезбедување на исплатата на добивките на учесниците во игрите на среќа, плаќање на јавните давачки утврдени со закон, како и за надоместоците и посебните давачки е должен да депонира депозит или да обезбеди банкарска гаранција и во рок од 15 дена од приемот на лиценцата, во истиот рок да го достави доказот за депонираниот депозит или банкарската гаранција до Министерството за финансии.
Пријавената Н.М.П., во својство на советник за системот на осигурување, и покрај тоа што знаела дека барањето не е доставена во законски предвидениот рок, без да ја архивира со приемен печат и без да изврши контрола на соодветноста на банкарската гаранција, ја депонирала во предметот како вистинска. О.С.С., раководител на Одделение за игри на среќа и за забавните игри, без да ја провери соодветноста на доставената банкарска гаранција ја проследила без приемен печат до Л.Т., која во својство на раководител на Сектор за финансиски систем во Сектор за финансиски систем и потоа М.С. во својство на Државен советник за прашања од финансискиот систем, со пропуштање на должен надзор, го одобриле проследувањето на лажната банкарска гаранција до О.Н., државен советник за јавна внатрешна финансиска контрола, која била должна да изврши проверка на предметите кои се доставуваат во Сектор кабинет за потпис од Министерот за финансии, Заменик министерот за финансии и Државниот секретар, а кои се во надлежност на Секторот за финансиски систем, во делот на издавање на лиценците за приредување на игрите на среќа во обложувалница, автомат клуб, казино и томбола од затворен тип.
Со наведените дејствија пријавените лица предизвикале штета на државниот буџет во износ од 32.000 евра и му овозможиле на правниот субјект да ја користи добиената лиценца и да се стекне со противправна имотна корист од 13.489.952 денари.
Црна хроника
МВР: Труење е веројатната причина за смртта на мајката и ќерката од Слатино
Министерството за внатрешни работи заедно со Основното јавно обвинителство Тетово преземаат мерки и активности за расчистување на настанот во тетовското село Слатино, каде што вчера беа пронајдени починати мајка и дете.
Првичните сознанија од наредената обдукција упатуваат на труење како веројатна причина за смрт на лицата, па од починатите се земени примероци за дополнителни токсиколошки анализи со цел да се утврди причината за труењето.
Кај починатите не се пронајдени други траги на насилство.
Исто така, по наредба на јавен обвинител, ќе бидат земени примероци од крв и урина и од другите членови на семејството – татко и уште едно дете, со цел да се провери евентуално присуство на токсини и кај нив. Се преземаат и други мерки за целосно расчистување на случајот.