Црна хроника
Нападнати двајца таксисти во Скопје
Двајца таксисти вчера во полицијата пријавиле дека биле нападнати во главниот град.
Во првиот случај, такси-возач пријавил дека бил физички нападнат на бензинска пумпа на подрачјето на скопската населба Бутел.
Од МВР информираат дека зад нападот стои патник кој се превезувал во такси-возилото.
Во вториот случај, таксист пријавил дека на подрачјето на Кисела Вода две лица со тврд предмет физички го нападнале, а потоа го оштетиле неговото такси-возило и му одзеле пари.
Се преземаат мерки за расчистување на случаите, велат од МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
За долг од 20.000 евра барале да им се исплатат 50.000: тројца скопјани со закани по живот изнудувале пари
СВР Скопје поднесе кривична пријава против Х.З.(48), Ѓ.А.(27) и Ц.Е.(36), сите од Скопје.
Тие се сомничат за сторено кривично дело „изнуда“.
Пријавените, од ноември 2025 до 25.12.2025, со закани по животот на Ш.К.(32), барале за наводен долг од 20.000 евра, кој го должи 26-годишниот Н.К., да исплатат 50.000 евра.
Црна хроника
Полицајка издала службена тајна: на мобилниот од брат и кажала дека полицијата ќе извидува со дронови
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство Делчево поднесе кривична пријава против В.М., поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оддавање службена тајна“ по член 360 од Кривичниот законик.
Пријавената В.М., вработена како полицаец – приправник во Одделение за полиција при Секторот за внатрешни работи Штип, на 10.07.2025 остварила телефонска комуникација со едно лице на телефонскиот број кој го користи нејзиниот брат и му соопштила дека ќе бидат преземени службени полициски дејствија за извидување со дрон, кои претставуваат службена тајна и биле предвидени и преземени по оперативна акција.
Со ваквото дејствие, кое може да има штетни последици за службата, пријавената го сторила кривичното дело „оддавање службена тајна“, соопшти полицијата.
Одделот за внатрешна контрола против В.М. ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност.
Црна хроника
Скопјанец со пушка им се заканувал на сопругата и децата
СВР Скопје поднесе кривична пријава против С.К.(56) од Скопје.
Тој се сомничи за сторени кривични дела „загрозување на сигурноста“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
Според полицијата, пријавениот, со пушка, која ја поседувал без дозвола, упатувал закани на неговата сопруга и неговите деца.
По преземени мерки, полициски службеници од него одзеле пушка калибар 9 мм и 71 куршуми.

