Црна хроника
Направил сообраќајка во Кочани и избегал, еден и пол час подоцна полицијата го уапсила во Виница
Виничката полиција синоќа уапси 48-годишен жител на виничкото село Градец, кој направил сообраќајна незгода во Кочани и избегал. Полицијата од Кочани веднаш распишала потерница, на која одговориле полицајците од Виница.
„Вчера во 21.35 часот во Виница, полициски службеници од Полициската станица Виница го лишиле од слобода Т.С.(48) од с.Градец, виничко. Тој бил баран по централен распис од Полициската станица Кочани поради сомнение дека околу 20.00 часот на улицата Димитар Влахов во Кочани со возилото ’фолксваген пасат’ со винички регистарски ознаки, кое го управувал, учествувал во сообраќајна незгода со патничко возило „форд фокус“ со кочански регистарски ознаки, по што го напуштил местото. Лицето било предадено на полициски службеници од Полициската станица Кочани за понатамошна постапка“, извести Министерството за внатрешни работи.
По целосно документирање на случајот. МВР најави соодветен поднесок против возачот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ги претепале играчите од гостинскиот клуб: уапсени две лица од Кумановско
Вчера во 18:30 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишија од слобода О.Д.(32) и Е.А.(18), двајцата од Куманово, играчи на фудбалскиот клуб „Беса“ од с.Слупчане, општина Липково.
Тие на фудбалски натпревар во с.Слупчане физички нападнале играчи од гостинскиот клуб ФК „Аеродром“ од Скопје.
СВР Куманово презема мерки за откривање на сите инволвирани и за целосно расчистување на случајот, по што против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Црна хроника
Нападнати баба и внука во Чаир
Вчера во 12:30 часот во СВР Скопје, А.Ф.(72) од Скопје пријавила дека на 25.10.2025 околу 17:00 часот во домот на подрачјето на Чаир, таа и нејзината внука А.Ф.(18) биле физички нападнати од Ј.И., Е.О.И., С.И. и С.И..
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Со оружје го нападнале и опљачкале кај наплатната рампа „Миладиновци“
Вчера во 06:20 часот во СВР Скопје, Б.Н.(26) од Кичево пријави дека на автопатот „Пријателство“, во близина на наплатна рампа „Миладиновци“, општина Петровец, додека бил паркиран во патничко возило, пет машки лица застанале со друго патничко возило и со закана со огнено оружје му одзеле пари и други предмети.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

