Црна хроника
Насилници истепале и ограбиле момче во автобус на ЈСП

Тројца насилници вчера ограбиле и истепале момче во автобус на ЈСП.
Според информациите на полицијата, вчера во 23.50 часот во СВР Скопје, Г. Т. (42) од Скопје пријавил дека околу 22.50 часот во автобус на ЈСП со број 57 три лица физички го нападнале неговиот син и му украле пари.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Приведен штипјанец кој „летал“ со 252 км/ч или двојно повеќе од дозволеното

36-годишниот Г.Ј. од Штип вчера беше приведен од страна на полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Гевгелија откако на автопатот „Пријателство“ кај селото Милетково возел со неверојатни 252 километри на час.
Како што информира МВР, возачот управувал патничко возило марка „БМВ“ со скопски регистарски таблички, и тоа на делница каде што максимално дозволената брзина е 120 километри на час.
За случајот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а против возачот ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик за „безобѕирно управување со моторно возило“.
Топ
Крвава драма во Битола: Со нож го повредил братот на поранешната сопруга, па ја нападна и неа

30-годишен маж од битолското село Лера е уапсен откако со остар предмет нападнал млад битолчанец и ја претепал својата поранешна сопруга. Инцидентот се случил синоќа околу 21:40 часот во Битола, соопшти СВР Битола.
Според информациите, осомничениот Џ.Р. (30) најпрво во пекарница во градот физички го нападнал 25-годишниот И.Л. од Битола, брат на неговата поранешна сопруга, нанесувајќи му повреди со остар предмет. Потоа, со употреба на сила, ја внел во возило својата 23-годишна поранешна сопруга и физички ја нападнал.
Полицијата интервенирала и го лишила од слобода осомничениот, а за случајот е известено и Јавното обвинителство.
„По целосно документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена соодветна кривична пријава“, информираат од СВР Битола.
Топ
Пронајден возачот кој со автомобил удри во девојчиња на тротинет и побегна од местото на несреќата

Денеска во СВР Скопје бил извршен службен разговор со Ф.Б. од село Света Петка, скопско. На 21.08.2025 во 14:30 часот на улицата „Васил Ѓорѓов“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал тој и електричен тротинет управуван од 13-годишна малолетничка од Скопје, по што со возилото го напуштил местото на настанот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката додека со телесни повреди нејзината 12-годишна сопатничка, констатирани во Градска општа болница „Св. Наум Охридски“ Скопје.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.