Црна хроника
Насилство во Тетово: малолетник нападнат од неколку лица во близина на средно училиште

Малолетник од Тетово вчера бил нападнат во близина на тетовско средно училиште.
Според информациите од полицијата, момчето ги познавало лицата што го нападнале.
Се работи на расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
На Деве Баир уапсен маж од Турција, приложил фалсификуван документ

Вчера во 14.45 часот на Граничен премин Деве Баир, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода 52-годишниот К.М.Ц. од Република Турција затоа што при пасошка контрола било констатирано дека приложил фалсификувана зелена карта за товарно возило „рено“ со турски национални ознаки, кое го управувал.
Тој бил предаден на полициски службеници од ОВР Крива Паланка за понатамошна постапка.
Црна хроника
Кај осуденици во Идризово пронајдени пари и мобилни телефони

Вчера во 20 часот во СВР Скопје, од Казнено – поправната установа Затвор Идризово било пријавено дека на влез во установата, при претрес кај осудениците Н.А., Х.A., Л.И. и Ј.П. биле пронајдени пари и мобилни телефони.
Додека, при извршен преглед во возилото со кое пристигнале, биле пронајдени марихуана и мобилен телефон.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
(Фото) Претрес во Тетово, пронајдена дрога, уапсен дилер

Вчера во 16.55 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода 37-годишниот М.М. од Тетово.
При претрес во неговиот дом ипомошни простории, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени четири тегли со марихуана, пари во различни апоени и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.
Лицето било задржано во полициска станица, за настанот бил известен јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе биде поднесена соодветна пријава.