Црна хроника
Насилство пред кафуле во Кисела Вода
Вчера во 6.35 часот наутро во полицијата било пријавено дека пред угостителски објект на подрачјето на Кисела Вода, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Ш.Б.(53) и Б.Б.(59), двајцата од Скопје.
При тепачката, како што информираат од МВР, употребен бил и тврд предмет.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Приведен крадец во Скопје, одреден му е притвор
Полицијата во Карпош го приведе Б.Б. (44) и против него поднесе кривична пријави поради сомнеж за четири кривични дела на територијата на Скопје, и тоа едно кривично дело „кражба” предвидено и казниво по чл. 235 од КЗ на РСМ, едно кривично дело „одземање моторно возило” предвидено и казниво по чл. 242 од КЗ на РСМ и две кривични дела „тешка кражба” предвидени и казниви по чл. 236 од КЗ на РСМ.
Сторителот е изведен пред Судија за претходна постапка, кој му одреди мерка притвор во траење од 8 дена, а пронајдените предмети, меѓу кои и едно возило, се вратени на оштетените лица.
Топ
Приведени криминалци од Прилеп кои со пиштол и’ се заканувале на продавачка, едниот бил бегалец од затвор
Полицијата приведе двајца криминалци од Прилеп, кои претходно денес со пиштол се заканувале на 35-годишна прилепчанка пред продажниот објект каде што била вработена.
Како што информираа од МВР, приведените се 27 и 33-годишник со иницијали С.Р. и Д.Д.. Тие по инцидентот биле фатени на улицата Борка Талески” во градот.
Кај нив биле пронајдени и одземени два пиштоли.
Според информациите од полицијата, С.Р. бил баран и по потерница поради бегство од заторот во Прилеп и напад со нож врз чувар во затворот, во април годинава.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Драма во Сопиште: 26-годишник бегал од полицијата, па се обидел да прегази полицаец
Синоќа во селото Варвара, општина Сопиште, полицијата го приведе Р.А(26) од селото Малчиште, општина Студеничани.
Околу 20.00 часот на патот кон Марков манастир тој не застанал на знак за запирање даден од полициски службеници, по што со возило „фолксваген венто“ без регистарски ознаки се обидел да удри полициски службеник, а по преземени мерки бил пронајден и лишен од слобода, објави МВР во дневниот билтен.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.