Црна хроника
Насилство пред средно училиште во Чаир: избоден е малолетник, едено лице е приведено

Вчера во Скопје, полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје го привеле С.Б.(19) од Скопје и, во присуство на родител, извршиле службен разговор со малолетник од Скопје поради насилство во Чаир.
„Тие се сомничат дека на 18.10.2023 околу 15.00 часот пред средно училиште на подрачјето на Чаир физички нападнале друг малолетник од Скопје, при што С.Б. со остар предмет му нанел повреди“, објави МВР.
С.Б. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Пожар во стан во Делчево, 16-годишно девојче побарало медицинска помош

Синоќа во 00.19 часот во ОВР Делчево е пријавено дека во Делчево настанал пожар во стан, сопственост на Ф.Д., во кој во моментот немало никој.
Од Територијалната противпожарна единица Делчево, пожарот е изгаснат.
Подоцна, во 02.00 часот во Итната медицинска помош Делчево, 16-годишна малолетничка, која живее во истата зграда, побарала помош поради отежнато дишење. Извршен е увид.
Црна хроника
Тепачка на „Партизанска“ – малолетник избоден со остар предмет

Малолетник бил избоден со остар предмет на „Партизанска“ во Скопје.
Според информациите на МВР, СВР Скопје поднесе кривична пријава против 16-годишник од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“.
На 02.06.2025 на бул. „Партизански oдреди“ во Скопје, пријавениот, по претходна расправија, со остар предмет му нанел убодни рани на 17-годишник.
Црна хроника
Кривична за охриѓанец: при претрес пронајдено оружје во неговата куќа

СВР-Охрид поднесе кривична пријава против А.Д.(27) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи“.
При претрес извршен по судска наредба во неговата куќа во охридското село Сирула, полициските службеници пронајдоа и одзедоа 2 ловни и 1 пневматска пушка кои, пријавениот ги поседувал без соодветна дозвола.
При тоа, одземено е и оружје за кое пријавениот поседувал соодветна дозвола.