Црна хроника
Натерале штипјанка да си го продаде станот за да градат заедно куќа, па ја сместиле во шупа
Против две лица од Штип поднесена е кривична пријава за измама.
МВР соопшти дека пријавените довеле во заблуда жена од Штип, која ја натерале да си го продаде станот за да направат заедничка куќа, а кога оштетената им дала 35.000 евра, тие ја сместиле во помошна просторија – шупа од дворот од нивната куќа и не го исполниле ветеното за изградба на заедничката куќа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тешко повреден возач во судир меѓу автобус и „сузуки“ кај Кучково
Вчера на локалниот пат меѓу селата Кучково и Волково се случила сообраќајна несреќа помеѓу автобус „ЛАЗ“ со скопски регистарски ознаки, управуван од И.С. (61) од с. Никиштани, и патничко возило „Сузуки Свифт“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Т. (71) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Б.Т., а повредите му биле констатирани во Градската општа болница „8 Септември“.
Увид на местото на настанот извршила екипа на СВР Скопје.
Црна хроника
Недоразбирање во сообраќајот завршило со убод во Тетово – поднесена пријава
Тетовската полиција поднесе кривична пријава против Н.М. (20) од селото Пирок, општина Боговиње, поради сомнение за насилство.
Според полицијата, на 1 ноември 2025 година во Тетово, по претходно недоразбирање во сообраќајот, пријавениот му нанел убодна рана на А.К. (20) од Тетово.
Случајот е документиран и проследен до надлежните органи за понатамошна постапка.
Црна хроника
Штипјанец пријавен за неовластени трансакции со туѓа банкарска картичка
Полицијата во Штип поднесе кривична пријава против Е.З. (38) од овој град, поради сомнение за кривичното дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.
Според пријавата, на 4 септември 2025 година во Штип, осомничениот без дозвола и согласност ја користел банкарската картичка на 75-годишна жена од Штип и неовластено извршил трансакции на банкомат.
Случајот е целосно документиран и проследен до надлежните органи за понатамошна постапка.

