Црна хроника
Нашле туѓа картичка на улица, потрошиле 15.000 денари – поднесена кривична пријава против две лица
СВР Штип поднесе кривична пријава против С.М.(30) и А.У. (29), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.
Според информациите на МВР, на 02.12.2024 во близина на угостителски објект во Скопје, второпријавената пронашла платежна картичка сопственост на лице од Свети Николе и му ја дала на првопријавениот, кој во временски период од 02.12.2024 до 05.12.2024 неовластено ја употребил во 30 наврати, вршејќи трансакции на неколку места, при што се стекнал со противправна имотна корист во вкупен износ од 15.091 денари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Скопјанец тешко повреден во судир со возило со српски ознаки во Скопје
Синоќа околу 20:40 часот, на крстосницата меѓу улиците „Разловечко Востание“ и „Вич“ во Скопје, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале две возила „хјундаи“ со скопски регистарски таблички и „шкода“ со српски национални ознаки.
Хјундаито го управувал 52-годишниот В.Л. од Скопје, додека зад воланот на шкодата бил 38-годишниот Р.Ѓ. од Србија, кој моментално престојува во Скопје.
Во несреќата тешко се повредил возачот на хјундаито. Тој бил пренесен во Градската општа болница „8 Септември“, каде што му биле констатирани тешки телесни повреди.
Увид на местото извршила екипа од скопската полиција по наредба на јавен обвинител.
Црна хроника
Грк учествувал во сообраќајка кај преминот Меџитлија – тешко повредена 23-годишна битолчанка
Вчера околу 19:55 часот, на патот од Битола кон граничниот премин Меџитлија, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале две возила — „опел корса“ со битолски таблички и „фолксваген поло“ со грчки регистерски ознаки.
„Опел корсата“ ја управувала 23-годишната А.С. од Битола, додека „поло“-то го возел 30-годишниот А.Х. од Грција. Во судирот тешко се повредила 23-годишната А.С., а повредите ѝ биле констатирани во Клиничката болница во Битола.
По наредба на јавен обвинител, увид на местото извршила екипа од битолската полиција.
Црна хроника
Пешак тешко повреден во сообраќајна несреќа во Гостивар
Вчера вечерта, околу 19:45 часот, на кејот „Братство-Единство“ во Гостивар, 76-годишниот П.П. од Гостивар беше тешко повреден откако врз него налетало возило „фолксваген шаран“ со гостиварски регистерски таблички.
Автомобилот го управувал 63-годишниот Џ.М. од селото Мало Турчане. Повредениот пешак бил пренесен во Ургентниот центар во Гостивар, каде што му биле констатирани тешки телесни повреди.
По наредба на јавен обвинител, увид извршила екипа од гостиварската полиција.

