Црна хроника
Најдена е исчезнатата 17-годишна девојка по која се трагаше
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/03/devojka-nasilstvo-siluvanje-hronika.jpg)
Вчера во 11.30 часот во СВР Скопје, од Јавната установа за згрижување деца било пријавено дека била пронајдена нивната штитеничка Б.Ј.(17) која беше пријавена за исчезната.
Таа на 10 јуни 2024 беше пријавено дека се оддалечила од установата и по неа се трагаше.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Црна хроника
Претрес во Битола, приведени две лица, пронајдена дрога
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2021/06/marihuana-696x450-307127.jpg)
Полициски службеници од СВР Битола извршиле претрес во две куќи во Битола сопственост на Џ.М.(22) и И.М.(23), двајцата од Битола, при што на двете локации пронајдени се четири најлонски паковки со марихуана.
Лицата се приведени во полициска станица Битола и по документирање на настанот ќе следува соодветна кривична пријава.
Црна хроника
ОЈО со мерки за скопјанец кој и се заканувал на девојка дека ако не му плати, ќе објави компромитирачки фотографии и видеа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2021/12/slika-OJO-za-PR-10.12.2021.jpg)
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 22-годишник за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Уцена според член 259 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик.
Осомничениот, со намера за себе да прибави противправна имотна корист, преку социјални мрежи стапил во контакт со 20-годишна скопјанка, на која лажно и се претставил, а потоа подолг временски период ја уценувал дека доколку не му исплати 300 евра, ќе објави компромитирачки фотографии и видеа за неа.
Уценетата му исплатила 150 евра, но тој продолжил секојдневно да ја уценува, па таа го пријавила случајот. На договорено примопредавање на дел од парите осомничениот бил затекнат и лишен од слобода.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување повеќе мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиште односно престојувалиште, обврска да се јавува повремено кај службено лице во судот, привремено одземање на патната исправа и забрана за издавање нова, забрана за приближување и воспоставување контакти со оштетената, како и забрана за користење на социјалните мрежи преку кои го сторил делото. Сите мерки се прифатени и определени од судот.
Црна хроника
Уште тројца работници од Непал исчезнале од Скопје
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/06/MVR-policija.jpg)
Вчера во 11.25 часот во Полициската станица Карпош, Р.И.(64) од Скопје, во својство на управител на правно лице од Скопје, пријавила дека три машки лица од Непал на возраст од 26, 36 и 43-годишна возраст се оддалечиле од местото каде престојувале, а биле вработени кај правното лице.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.