Црна хроника
На аеродром уапсен осуденик кој сакал да бега од земјава

На аеродромот во Скопје е уапсен тетовец кој е баран за издржување затворска казна. Како што информира полицијата, вчера, во 13 часот, на граничниот премин ,,Меѓународен аеродром Скопје“, на излез од земјава по извршена пасошка контрола и проверка во оперативна евиденција било констатирано дека за Ш.А.(30) од село Копачин Дол, Тетовско, е издадено барање да се уапси. Тој бил приведен и предадено на полициски службеници од СВР Скопје, за спровод до КПУ Затвор – Тетово.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Приведен гостиварец за издржување тригодишна затворска казна

Вчера во 19.50 часот на улица „Бане Вељаноски“ во Гостивар, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка Скопје го привеле И.Б.(34) од Гостивар.
Тој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување казна затвор од три години за сторено кривично дело по член 186 став 2 од Кривичниот законик.
Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.
Црна хроника
Уапсен 19-годишник од Тетовско: при претрес пронајдена дрога

Вчера во 07.15 часот, полициски службеници од СВР Тетово и Полициското одделение Камењане го лишиле од слобода 19-годишниот М.А. од село Пирок.
При претрес во неговиот дом во село Пирок, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана.
Тој бил задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Претрес во Струшко, пронајдени оружје и муниција

Вчера во 08.00 часот, полициски службеници од ОВР Струга го лишиле од слобода 71-годишниот Џ.Д. од село Делогожда, струшко.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени ловечка пушка „Брно ЗХ 321“ калибар 16 милиметри, куршуми со калибар 8х57, ловечки патрони калибар 16 милиметри, други предмети и соодветна дозвола. При претрес во неговото возило „хјундаи“ со швајцарски национални ознаки, кое било паркирано во дворот, биле пронајдени и одземени ловечка пушка карабин 8х57 „Црвена Застава“, ловечки патрони калибар 16 милиметри и куршуми калибар 8х57, кои нелегално ги поседувал.
По целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.