Црна хроника
На бензинска платил со лажни евра, случајот го пријавила вработената

Вчера во 11.15 часот во Полициската станица Виница, вработена во бензинска пумпа Виница пријавила дека околу 10.00 часот на бензинската пумпа Ѓ.Ѓ.(63) од с.Бигла, делчевско, ѝ платил со сомнителна банкнота од 50 евра.
Истиот ден, по преземени мерки и активности, а по добиена судска наредба, бил извршен претрес во домот на Ѓ.Ѓ., при што била пронајдена една сомнителна банкнота од 50 евра.
Во координација со надлежен јавен обвинител двете банкноти биле одземени за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Србин најден починат на паркинг во Гази Баба

Синоќа во 22.00 часот во Полициската станица Гази Баба било пријавено дека околу 20.30 часот на паркинг простор на подрачјето на Гази Баба бил пронајден починат З.Ѓ.(51) од Република Србија, кој претходно застанал поради дефект на товарното возило со српски национални ознаки, кое го управувал.
Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.
Топ
Родител пријавил наставничка дека натепала повеќе ученички во соблекувална во скопско училиште

Родител пријавил во МВР напад извршен од страна наставничка во скопско основно училиште.
Според пријавата, таа во текот на вчерашниот ден, во соблекувална во училиштето кое се наоѓа на Бит Пазар, за време на час по физичко воспитување, ја нападнала неговата ќерка и неколку нејзини соученички.
Меѓудругото, во пријавата се наведува и дека наставничката зад која стојат иницијалите Е.Ј. употребила и дрвен предмет.
Од полицијата преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Наставничка во основно училиште во Скопје нападната од родителите на нејзината ученичка

Наставничка од основно училиште во Шуто Оризари пријавила дека во текот на вчерашниот ден била нападната од страна на родителите на нејзина ученичка.
МВР во полицискиот билтен, за случајот, информира дека 48-годишната наставничка била нападната од родителите во училницата во која држела час, а подоцна и во канцеларијата на педагогот.
Од полицијата велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.