Топ
На инцидентот во кој загина полицаец му претходела сообраќајка со три тешко повредени лица

На автопатот Тетово-Гостивар, во близина на местото викано „Тумчевишка клучка“ вчера околу 18:50 часот се случила сообраќајна незгода меѓу автомобил „Бе-ем-ве“ управуван од 20-годишен гостиварец и „пежо“ управувано од 49-годишник од село Речане.
Во незгодата со тешки повреди се здобиле три сопатнички во автомобилот „пежо“ на возраст од 51, 48 и 27 години, инаку сите од гостиварско Речане.
Тие биле итно пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“, а на увидот на местото на настанот подоцна се случи и друг сообраќаен инцидент во кој животот го загуби еден полицаец, а друг е повреден.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Околу 80 студенти уапсени на пропалестински протест во САД

Полицијата, на барање на службеници на Универзитетот Колумбија, вчера уапси десетици студенти кои окупираа дел од главната библиотека на колеџот во еден од најголемите пропалестински протести на кампусот од минатогодишниот бран протести против израелската војна во Газа.
Public safety has assaulted dozens of protestors so far and is refusing to let people in and out of the building despite an active fire alarm
All out to the Columbia gates! pic.twitter.com/oyItEbtXbL
— CU Apartheid Divest (CUAD) (@ColumbiaBDS) May 7, 2025
Видеата и фотографиите на социјалните мрежи покажуваат демонстранти, повеќето со маски, како стојат на маси, удираат тапани и држат транспаренти на кои пишува „За Газа“. Ен-би-си Њуз објави дека се уапсени најмалку 78 студенти.
BREAKING NEWS:
Columbia police have begun making arrests after multiple officers were assaulted.
The protestors aren't being released until they remove their masks for identification. pic.twitter.com/zKlP1fNrEM
Demand that charges are now brought and the students are expelled.
— Mila Joy (@MilaLovesJoe) May 7, 2025
Американскиот претседател Доналд Трамп остро го критикуваше Универзитетот за пропалестинските протести на кампусот минатата година, велејќи дека тие биле антисемитски и дека Колумбија не успеала да ги заштити еврејските студенти.
Gaza has been deprived of food for over 60 days. Every day there are new images of emaciated Palestinian children starving to death. Meanwhile, if you protest against genocide, Columbia University will brutalize and hospitalize you. pic.twitter.com/RsCEqIec2o
— maryam alwan🇵🇸 (@maryamalwan) May 8, 2025
Универзитетот Колумбија синоќа објави дека побарал помош од полициската управа на Њујорк „за обезбедување на зградата“ и дека двајца од неговите службеници за јавна безбедност се повредени во конфронтацијата.
Портпаролот на полицијата во Њујорк потврди „повеќе апсења“ на демонстранти кои ја окупираа библиотеката, но не даде точен број.
„Секој има право на мирен протест. Но, насилството, вандализмот или уништувањето на имотот се целосно неприфатливи“, објави гувернерката на Њујорк, Кети Хочул, на социјалните мрежи.
Свет
Њујорк Тајмс: Трамп денес ќе го објави трговскиот договор со Велика Британија

Американскиот претседател Доналд Трамп денес треба да објави дека САД ќе се согласат на трговски договор со Обединетото Кралство, изјавија за „Њујорк тајмс“ три извори запознаени со плановите.
Кратко по објавувањето на веста, британската фунта порасна за 0,4% во однос на американскиот долар, според „Скај њуз“.
Трамп претходно најави дека денес ќе објави голем трговски договор во Овалната соба, без да прецизира со која земја е постигнат.
Во објава на неговата социјална мрежа Truth Social вчера, тој напиша дека прес-конференцијата на која ќе биде објавен договорот ќе се одржи со „претставници на голема и многу респектабилна земја“.
Тој не откри повеќе детали, но рече дека објавата ќе биде „прва од многуте“. Портпаролот на Белата куќа одби да коментира за извештајот на „Њујорк тајмс“.
Високи функционери на Трамп одржаа серија состаноци со трговски партнери во последните недели откако американскиот претседател го прогласи 2 април за „Ден на ослободувањето“ и воведе царини и за геополитичките ривали и за сојузниците на САД.
Потоа Трамп воведе царина од 10% за повеќето земји, вклучително и за Обединетото Кралство, заедно со повисоки „реципрочни“ царини за многу трговски партнери. Сепак, овие реципрочни тарифи подоцна беа суспендирани 90 дена.
Европа
Студент со секира упаднал во универзитет во Варшава, убил вработена

Жена е убиена со секира на универзитет во Варшава, соопштија полските власти. Инцидентот се случил вчера околу 18:40 часот. по локално време кога млад човек вооружен со секира нападнал луѓе на кампусот.
Портпаролот на канцеларијата на окружниот обвинител изјави дека еден административен службеник на универзитетот бил убиен на местото на настанот. Обезбедувачот бил префрлен во болница во критична состојба.
Варшавската полиција потврди дека привела 22-годишен Полјак. Според информациите, станува збор за студент.
Ректорот на универзитетот изјави дека четврток ќе биде ден на жалост во институцијата, нарекувајќи го нападот „огромна трагедија“. „Изразуваме голема тага и сочувство до семејството и најблиските“, се вели во соопштението на ректорот.