Црна хроника
На патот Богданци – Гевгелија се судрија мотоцикл, „опел“ и трактор, тешко повреден 24-годишник

Вчера во 08.20 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на регионалниот пат од Богданци кон Гевгелија се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „хонда“ со гевгелиски регистарски ознаки, управуван од 24-годишниот К.К. од Богданци, патничко возило „опел корса“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 49-годишниот Љ.Ѓ. од село Бунарџик, скопско и трактор со гевгелиски регистарски ознаки, управуван од 45-годишниот Б.Ш. од Богданци, извести МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот констатирани во Општата болница во Гевгелија.
Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Гевгелија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Семејно насилство во Кичево: се истепаа мајка и ќерка

Вчера во 17.05 часот во ОВР Кичево е пријавено дека во близина на регионалниот пат Кичево-Битола, по претходна расправија, настанал физичка пресметка помеѓу 36-годишната И.С. и нејзината малолетна ќерка, двете од Кичево.
По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Изгоре стан во Прилеп, поради вдишување чад две лица пренесени во болница

Вчера околу 13.00 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека во населба „Точила“ во Прилеп настанал пожар во стан сопственост на Т.Ј., во кој престојувала неговата неговата сестра Ц.С.(51) и неговиот зет Д.П.(40), двајцата од Скопје.
Од екипа на Територијалната противпожарна единица Прилеп пожарот бил изгаснат, а поради вдишување чад Ц.С. и сосетката С.П.(73) од Прилеп биле пренесени во болницата во Прилеп за укажување лекарска помош.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп.
Црна хроника
Уапсен битолчанец, ја истепал својата сопруга

Вчера во 23.45 часот, полициски службеници од ОВР Крушево го лишиле од слобода 27-годишниот Ѓ.С. од Битола, со престој во крушевско село, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал неговата сопруга.
По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.