Црна хроника
На Табановце откриени фалсификувани ПЦР-тестови и возила за меѓународен превоз без соодветна документација

На граничниот премин Табановце од страна на полициски службеници на 11 и 12 февруари откриени биле 5 фалсификувани ПЦР-теста и 3 возила што вршеле превоз на патници без соодветна документација.
„На 12.2.2022, при пасошка контрола, било констатирано дека О. Б. (51) од Скопје, Т. Т. (28) од Скопје, Д. М. (28) од с. Тромеѓа, Кумановско, Д. Г. (56) од Кочани и М. П. (61) од Скопје приложиле фалсификувани ПЦР-тестови. По целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
На 11 и на 12.2, при контрола на автобус со скопски регистарски ознаки, управуван од Х. П. (54) од Скопје, патничко возило ‘мицубиши’, управувано од З. Б. (26) од Струмица и возило комби, управувано од Ж. Г. (46) од Струмица, двете со струмички регистарски ознаки, било констатирано дека вршеле меѓународен превоз на патници, без поседување соодветна документација. Од страна на Државниот инспекторат за транспорт изречени се соодветни санкции за возачите и за возилата“, информираат од МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Со тврд предмет ги нападнал сопругата и малолетната ќерка: уапсен скопјанец

Синоќа во 20:30 часот на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода 39-годишник од Скопје.
Полицијата постапила по претходна пријава од неговата 42-годишна сопруга дека во семејниот дом, физички ги нападнал неа и нивната малолетна ќерка, при што употребил и тврд предмет.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Црна хроника
Ги претепал двете сестри: кривична за 19-годишник од Тетовско

СВР Тетово поднесе кривична пријава против 19-годишник од тетовско село.
Тој се сомничи за сторено кривично дело „телесна повреда“.
Имено на 09.08.2025 во семејниот дом, пријавениот физички ги нападнал двете негови сестри, од кои едната е малолетничка.
Црна хроника
Прегазено седумгодишно дете во Скопје

Вчера во 17:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Максуд Садик“ во Скопје, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 24-годишната А.А. од Скопје, удрило во седумгодишно дете-пешак од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобило детето, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Полицијата соопшти дека е извршен увид од увидна екипа од СВР Скопје.