Црна хроника
На Табановце спречен обид за шверцување 30 килограми тутун за наргиле
На граничниот премин Табановце е спречен обид за шверцување 30 килограми тутун за наргиле.
„На 25.4.2023 година царинските службеници на граничниот премин Табановце на влез во државата спречија обид за шверцување 30 килограми ароматизиран тутун за наргиле. Возилото со македонски регистарски таблички управувано од македонски државјанин поради основано сомневање е селектирано за детален преглед, при што се пронајдени 120 кутии по 250 гр ароматизиран тутун за наргиле, кои лицето не ги пријавило“, соопштија од Царина.
Со ова е спречен обид на пуштање во промет акцизна стока за која е избегнато плаќање давачки во износ од над 65 илјади денари.
Стоката е привремено задржана, а против лицето се поднесени соодветни пријави до надлежните институции.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Украдена бистата на народниот херој Вера Јоциќ од парк во скопски Центар
Вчера претпладне било пријавено дека била украдена бистата на народниот херој Вера Јоциќ од паркот во скопски Центар.
Како што се наведува во полицискиот билтен, вчера (26.12.2025) во 11:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека од парк на подрачјето на Центар во Скопје е одземена спомен бистата на народниот херој Вера Јоциќ.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повреден возач во сообраќајна несреќа кај Струга
Вчера околу 15:10 часот, во ОВР Струга е пријавено дека на магистралниот пат А-2 патничко возило „фолксваген голф“ со струшки регистарски ознаки, управувано од 31-годишниот В.М. од село Франгово, струшко, излетало од патот.
Возачот се здобил со тешки телесни повреди, кои му биле констатирани во Медицински центар Струга. На местото на несреќата увид извршила екипа од ОВР Струга.
Црна хроника
Експлодирал бојлер во Свети Николе, тешко повреден е маж
Електричен бојлер експлодирал вчера изутрина, околу 6:45 часот, во стан во Свети Николе и сериозно го повреддил 49-годишниот С.П., кој живеел во станот со семејството, информира МВР во дневниот билтен.
Поради повредите со возило на Итната медицинска помош С.Н. бил префрлен во болница кадер му е укажана лекарска помош.
Случајот бил пријавен во СВР Свети Николе, и извршен бил увид од увидна екипа за да се утврди причината за несреќата.

