Црна хроника
Неготинец измамил охриѓани ветувајќи им работа во Германија
Триесетгодишен Неготинец измамил двајца охриѓани, ветувајќи им работа во Германија.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.К. (30) од Неготино поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела ,,измама”. Во периодот од февруари и март 2016 година пријавениот истакнал оглас на интернет огласувач дека нуди вработување во странство, за што лажно се претставувал дека е Д.Н. од Скопје и дека посредува за добивање на работа во Германија.
Истиот, во неколку наврати, довел во заблуда две лица од Охрид кои на трансакциска сметка од пријавениот уплатиле износи од 90.400 денари, но по поминување на договорениот рок, не добиле никакво известување за тоа кога ќе бидат работно ангажирани. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Приведен скопјанец по напад во казино и семејно насилство
Вчера околу 21:40 часот, полицијата го приведе 35-годишниот Т.Ј. од Скопје, на подрачјето на општина Аеродром.
Приведувањето следело по претходна пријава дека околу 21:30 часот, во и пред казино, заедно со уште едно лице физички го нападнал 53-годишниот Д.М. од Струмица, со престој во Скопје. По нападот, Т.Ј. се однесувал агресивно и кон полициските службеници кои извршувале службени дејствија.
Дополнително, неговата 29-годишна сопруга пријавила дека тој физички ја нападнал и во семејниот дом. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Црна хроника
Приведен велешанец поради напад во здравствена установа – ја заклучил во канцеларија, кршел, се заканувал
На 27 октомври 2025 година, околу 15:30 часот, полициски службеници од СВР Велес го приведоа 31-годишниот М.П. од овој град, по претходна пријава од 55-годишна велешанка.
Според пријавата, на своето работно место во здравствена установа во Велес, осомничениот ја заклучил жената во една од просториите, кршел предмети, физички ја нападнал, ѝ се заканувал со остар предмет, па ја испрскал во очите со средство за чистење.
Тој е задржан во полициска станица, а за случајот е известен јавен обвинител. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
91-годишна жена тешко повредена во сообраќаја несреќа
Во полицијата е пријавено дека на магистралниот пат Кичево-Гостивар, патничко возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.С.(63) од Скопје, излетало надвор од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила неговата сопатничка Д.С.(91) од Скопје, констатирани во Медицинскиот центар во Гостивар.
Извршен бил увид.

