Црна хроника
Неколку повредени во тешка сообраќајна несреќа во Охрид

Вчера, во 16.30 часот, во СВР Охрид било пријавено дека на улицата Железничка во Охрид се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“, со радовишки регистарски ознаки, управувано од 56-годишниот Д. К. од Охрид, и патничко возило „фиат пунто“, со охридски регистарски ознаки, управувано од 50-годишниот А. Р. од Охрид, извести МВР.
„Во несреќата тешки телесни повреди добила сопатничка од возилото ‘фиат пунто’, Ј. Р. (75) од Охрид, констатирани во Специјалната болница ‘Св. Еразмо’ во Охрид. Телесни повреди добиле возачот А. Р. и уште двајца негови сопатници, Г. Р. (45) и малолетник, двајцата од Охрид“, соопшти МВР.
Извршен бил увид од екипа на СВР Охрид.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Жена и 8-годишно дете во Кочани се повредени откако во нив удрил автомобил

На 11.04.2025 година во 07.34 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на улицата „Стево Теодосиевски“ во Кочани, патничко возило „Мерцедес“ со кочански регистарски ознаки, управувано од Н.К.(29) удрило во двајца пешаци – С.М.(64) и едно 8-годишно дете, исто така од Кочани.
– Притоа во несреќата С.М. се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Клиничка болница Штип, додека малолетното лице се здобило со телесни повреди, констатирани во Општа болница Кочани. За настанот бил известен надлежен јавен обвинител, информира МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кочани.
Црна хроника
Скопјанец најден починат во Центар

Синоќа во 22 часот било пријавено дека во домот на подрачјето на Центар во Скопје бил пронајден починат М.К.(39) од Скопје.
Лекар од Итната медицинска помош Скопје констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.
Црна хроника
Вработен нападнал дете пред влезот на основното училиште во Чаир

Мајка на ученичка во основно училиште во Чаир, пријавила во МВР дека нејзината ќерка била нападната.
„На 10.04.2025 во 23.10 часот во СВР Скопје Ќ.М.(34) од Скопје пријавила дека околу 12.00 часот пред влез на општинско основно училиште на подрачјето на Чаир, нејзината малолетна ќерка била физички нападната од едно вработено лице од училиштето“, велат од МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.