Црна хроника
Несреќа во Чаир: се судрија две возила, настрада и пешак

Вчера на булеварот Македонско – косовска бригада во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.М.(34) од Скопје и патничко возило „фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Љ.П.(38) од с.Коњаре.
„При несреќата бил удрен и пешакот З.У.(59) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила З.У., констатирани во Градска општа болница „8 Септември“, а со телесни повреди се здобила Љ.П. констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, објави МВР.
Извршен бил увид од полициска екипа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
(Видео) Запленети над два тона сув цвет од канабис од објект на правно лице во Зелениково

Денеска (25.06.2025) од страна на полициски службеници од Бирото за јавна безбедност, Единицата за недозволена трговија со дрога при Одделот за криминалистичка полиција и Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, со поддршка на Единицата за брзо распоредување, од објект на правно лице за производство на марихуана за медицински цели, лоциран во општина Зелениково, одземени се 2014 килограми сув цвет од растението канабис, соопшти полицијата.
Канабисот е одземен од управителот Ш.Ф.(43) од Република Турција, поради утврдени нерегуларности во работењето, спротивно на Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции, за што веќе против правното лице и управителот од страна на МВР е поднесена кривична пријава по чл.95-в од Законот.
Според соопштеното, одземениот канабис е сместен во магацинот на Агенција за управување со одземен имот.
Црна хроника
Скопјанка пријавила во МВР дека бистата со ликот на нејзиниот покоен брат била украдена од гробишта

Седумдесет и петгодишна скопјанка во МВР пријавила дека од гробно место во селото Орешани, општина Зелениково, била украдена биста со ликот на нејзиниот починат брат.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти полицијата за случајот.
Црна хроника
Матурант со автомобил удри во скопјанец, пешакот е тешко повреден

Сообраќајна несреќа се случи вчера на сервисна улица која ги поврзува булеварите Никола Карев и Крсте Мисирков.
„Автомобил ‘фолксваген лупо’ со скопски регистарски ознаки, управуван од Л.Ј.(18) од сeлото Сарај, скопско, удрил во И.Б.(67) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница ‘Св.Наум Охридски’ Скопје“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.
Извршен бил увид.