Црна хроника
Новата година за пожарникарите во Гевгелија почна со спасувачка акција – горела куќа во која живеела неподвижна жена

Куќа на два ката во селото Миравци ја зафати пожар синоќа по полноќ.
Во куќата живеела неподвижна стара жена, а пожарникарите од Гевгелија интервенирале од 00:14 до 2:10 часот по полноќ.
Центарот за управување со кризи јавува дека на терен излегле 2 противпожарни возила и 7 пожарникари.
Запалената стара куќа на два ката се наоѓа на улицата Маршал Тито во селото Миравци. Првиот кат од куќата бил напуштен, а во вториот кат живеела неподвижната стара жена.
Жената била повредена, а по спасителното извлекување е преземена од Итна медицинска помош за понатаможно медицинско згрижување.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Двајца мажи од Гевгелија пронајдени починати во своите домови

Вчера во 11:20 часот во ОВР Гевгелија било пријавено дека во домот во Гевгелија бил пронајден починат И.Г.(45) од Гевгелија.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото било дадено на обдукција.
Увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Гевгелија.
Истиот ден во ОВР Гевгелија во 16:35 часот било пријавено дека во домот во Гевгелија бил пронајден починат М.Р.(45) од Гевгелија.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото било дадено на обдукција. Увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Гевгелија.
Топ
Син ја убил мајка си во Штип

Утрово во 04.15 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода С.З.(54) од Штип.
Тој се сомничи дека околу 02.00 часот во семејниот дом во Штип со остар предмет и нанел убодна рана на неговата 84-годишна мајка, по што таа починала.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатата било дадено на обдукција.
Увид на лице место извршила екипа од СВР Штип под раководство на јавен обвинител од ОЈО Штип, при што остриот предмет бил пронајден и одземен за понатамошна постапка.
По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе биде поднесена кривична пријава по итна постапка по член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик, соопшти полицијата.
Црна хроника
Предизвикал пожар: уапсен охриѓанец

Вчера во 15:00 часот, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода З.Н.(41) од Охрид, кој се сомничи дека во атар на селото Горно Лакочереј, охридско, предизвикал пожар на поле со нискостеблеста вегетација и ожнеана нива.
При преземени мерки и извршен преглед, полициските службеници кај него, пронашле запалка која била одземена за натамошна постапка.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.