Црна хроника
Обвинение за 23-годишник кој со помош на малолетник украл над илјада евра од својата баба
Основното јавно обвинителство во Велес поднесе обвинение против едно лице на возраст од 23 години за кривично дело разбојничка кражба.
Обвинетиот, кој е внук на жената во чиј дом била извршена кражбата, на 9 неомври минатата година, заедно со уште едно лице, малолетник, влегле во куќата на бабата.
Тој знаел каде оштетената ги чува парите, па без проблеми ја пронашол најлон-кесата во која имало пари во износ од 62 илјади денари, 140 евра и разни документи.
За тоа време детето што било со обвинетиот стоело покрај бабата на обвинетиот внимавајќи таа да не зебележи што се случува.
Но, кога оштетената ја видела кражбата и почнала да вика, детето почнало да ја удира. По стореното кривично дело, двајцата излегле од куќата по што одземените пари си ги поделиле меѓусебно.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Комбе удри пешак во Скопје, со тешки повреди е пренесен во болница
Вчера околу 14:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје, товарно возило „фолксваген кеди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(21) од Скопје, удрило во пешакот З.С.(56) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Старица паднала од автобус, па била прегазена
Вчера околу 12:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, автобус „мерцедес“, управуван од В.А.(56) од Скопје, ја прегазил преку нога 72-годишната А.Б. од Скопје, откако претходно паднала од автобусот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Б., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Топ
Во Белград уапсен Саит Саитов, кој прегази жена во Капиштец и избега
Министерството за внатрешни работи извести дека вчера биле информирани од надлежните служви во Србија дека во Белград е лишен од слобода Саит Саитов од Скопје, кој се бара со меѓународна потерница, распишана од македонското МВР, под сомнение за извршени тешки кривични дела „против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ и „неукажување на помош на лице повредено во сообраќајна незгода“, за кривично-правен настан кој се случи во Скопје на 09.01.2026.
На Саитов му е одреден екстрадициски притвор и следува постапка помеѓу министерствата за правда на двете држави, со цел негово екстрадирање во Македонија и изведување пред лицето на правдата и негово соодветно санкционирање.

