Црна хроника
Обвинение за двајца браќа од Гостивар кои тепале жена со тупаници и клешти
Гостиварското Основно јавно обвинителство поднесе обвинение против две лица на возраст од 49 и 45 години за кривично дело насилство.
Како што информираат од Обвинителството, на 8 oктомври минатата година двајцата браќа, во група заедно со други засега непознати луѓе, физички нападнале две лица во Гостивар.
Мајката на еден од нападнатите тргнала да ги раздели и во тој момент едниот обвинет ја удрил со тупаница по лицето, а другиот со метални клешти ја удирал по двете раце и по телото.
Од ударите, жената се здобила со телесни повреди – нагмечувања.
Настанот предизвикал чувство на страв, загрозување и несигурност и кај повеќе други граѓани кои во тој момент биле присутни на местото.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Дваесет и тригодишен скопјанец најден починат во домот во Гази Баба
Вчера на подрачјето на Гази Баба, во неговиот дом бил пронајден починат В.М.(23).
Од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт без видливи знаци на насилство.
Извршен бил увид од полицијата, а по насоки на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.