Црна хроника
Обвинение за поседување пиштол и муниција без дозвола
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против едно лице за кривично дело недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи.
Полициски службеници при личен преглед на обвинетиот на 20 јануари утврдиле дека тој во појасот од десната страна неовластено држел огнено оружје – пиштол „црвена застава М70“ во калибар 7,65 мм. Освен тоа, обвинетиот кај себе имал и една рамка со осум куршуми, муниција за пиштолот.
Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот 28-годишник, со оглед на тоа што постои опасност од бегство и можност тој да го повтори кривичното дело.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Четири возила се судрија пред Клинички центар „Мајка Тереза“, неколку лица се повредени
Сообраќајна несреќа вечерва вечерта се случи на булеварот „Мајка Тереза“ во Скопје, пред влезот на Клиничкиот центар. Според првичните информации, во несреќата учествувале четири возила.
Неофицијално, неколку лица се пожалиле на повреди, но официјални информации од МВР се очекуваат во текот на денешниот ден.
Црна хроника
Во делчевско Вирче најдена граната
Во делчевското село Вирче пронајдена е стара неексплодирана граната. Случајот е пријавен од жител на селото кој експлозивната направа ја пронашол во својот двор.
Во пoлициската станица Делчево, А.М.(60) од с.Вирче, делчевско, на 17.05.2024 во 19.50 часот пријавил дека при извршување градежни работи во неговиот двор пронашол една стара неексплодирана граната, информираат од полиција.
Гранатата по извршениот увид била подигната од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување.
Црна хроника
Во куќа на струмичанец најдена дрога
Струмичката полиција вчера околу пладне во Струмица го лишила од слобода Љ.Ѓ.(46) од овој град. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени кафеава прашкаста материја, црна прашкаста материја, марихуана, бела прашкаста материја, бела грутчеста материја и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело..
Како што информираат денеска од МВР, лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.