Црна хроника
Обвинение за скопски дилер на хероин и марихуана

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвинителен акт против едно лице за продолжено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од чл. 215, ст.1 во врска со чл. 45 од Кривичниот законик.
Обвинетиот 41-годишен скопјанец, во домот во кој престојувал на булеварот Гоце Делчев, во повеќе наврати во периодот од јуни до средината на септември неовластено, заради продажба, држел наркотична дрога хероин и марихуана. При извршени три претреси на неговиот дом во наведениот период била пронајдена дрога во помали количества, како и сива дигитална вага со траги од хероин и кокаин.
Со оглед на тоа што се работи за лице претходно осудувано за истото кривично дело, надлежниот јавен обвинител процени дека постои опасност тој да го повтори делото или да се даде во бегство, па до судот достави и посебен предлог за продолжување на мерката притвор за обвинетиот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.