Црна хроника
Обвинение за 20-годишно момче зависник од дрога
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против едно лице за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од чл.215 ст.1 во врска со чл.12 ст.2 од Кривичниот законик. Обвинетиот 20-годишник се товари дека делото го сторил во состојба на битно намалена пресметливост поради хронично психичко нарушување предизвикано од зависност од марихуана и стимуланси.
„Во ваква состојба на битно намалена способност да го сфати значењето на своето дело или способноста да управува со своите постапки, обвинетиот на 18 септември кај себе држел наркотична дрога и психотропни супстанции: 89 таблети со светлозелена боја и неправилна форма, како и прашеста материја со тежина од 0,31 грам со активна компонента – 3,4 метилен-диоксиметамфетамин (MDMA). Освен ова, при личен претрес кај него биле пронајдени и 1,96 грама марихуана. Дополнително, при претрес на домот на обвинетиот биле пронајдени две полиетиленски пакувања со психотропна супстанца амфетамин со вкупна тежина од 12,71 грама.
Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот, со цел да се обезбеди неговото присуство во текот на кривичната постапка. Освен ова, со оглед на состојбата на обвинетиот, јавниот обвинител на Судот му предложи со изрекување на казната да изрече и мерка на безбедност задолжително лекување од зависности“, се наведува во соопштението на обвинителството.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Го претепал и го избркал од дома малолетниот син: кривична пријава за кумановец
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ч.С.(49) од Куманово.
Според полицијата тој се сомничи за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“.
Имено на 29.12.2025 во Куманово, пријавениот физички го нападнал неговиот малолетен син и го избркал од дома.
Црна хроника
Крадел во продавница, па ја нападнал вработената која се обидела да го спречи
Синоќа во 21:00 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од ЕВР Гази Баба при СВР Скопје го лишија од слобода З.К.(37) од струшко, со привремен престој во Скопје.
Тој околу 18:00 часот во продажен објект во Скопје, откако одзел производи, физички ја нападнал вработената која се обидела да го спречи.
Полицијата соопшти дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Разбојништво на автобуска постојка: ограбена скопјанка
Денеска (29.01.2026) во 08:30 часот во СВР Скопје, З.Р.(65) од Скопје пријави дека околу 07:10 часот на автобуска постојка на подрачјето на Центар, едно лице со употреба на физичка сила и одзело личен накит. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

