Црна хроника
Обвинение против возач што удрил во човек и го оставил да почине на патот Велес-Градско
Основното јавно обвинителство од Велес поднесе обвинение против едно лице, кое се товари за сторено кривично дело тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, како и за кривично дело неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода.
Како што се наведува во соопштението, осомничениот на 5 март годинава, на регионалниот пат Велес-Градско, управувал автомобил „фолксваген шаран“ со неприспособена брзина на условите на патот.
На тој начин осомничениот, како што велат од Обвинителството, го загрозил јавниот сообраќај така што ги довел во опасност животите на другите учесници.
Имено, во услови на дождливо време и влажен коловоз, а при стемнување, тој не ја намалил брзината на движење, при што нејасно забележал дека на коловозот во лежечка положба се наоѓа едно лице во алкохолизирана состојба. Осомничениот се обидел да го заобиколи, но не успеал и налетал на човекот нанесувајќи му тешки повреди.
По настанот, несовесниот возач го оставил повреденото лице без помош и заминал во правец кон Гевгелија. Нанесените повреди кај оштетениот довеле до загуба на крв и нарушување на работата на виталните органи, што резултирало со смртен исход.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне нестабилно време со пороен дожд и грмежи
Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне наместа, особено во северните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за краткотрајно невреме со силен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14, а максималната ќе достигне од 24 до 29 степени.
Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 27 степени.
Во следните денови ќе се задржи топло време, но во попладневните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има услови процесите да бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме, со силен ветер, интензивен пороен дожд и изолирана појава на град.
Црна хроника
Затвореници претепале друг осуденик во затворот Идризово
Вчера во 10.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Казнено – поправната установа Затвор Идризово, осуденикот А.Б.(35) од Скопје бил физички нападнат од осудениците З.Р. и К.Л..
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец претепан од својот внук
Вчера во 22.45 часот во СВР Скопје, 49 – годишен жител на скопско село пријавил дека околу 22.00 часот во неговиот дом, по претходна расправија, бил физички нападнат од неговиот малолетен внук од Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.